Незнам како може да се стават слики овде, дали мора да се upload-ираат негде прво (ако е така, ништо од слики). Имам доста слики, но неможам/незнам сега да ставам.
Повеќето планински села ми имаат посебна убавина. Ќе го издвојам Патишка река-село на Караџица, се оди по патот за браната Козјак па лево скршнување, околу 45км од центар на Скопје. Може да се прошета по планината нагоре, сега е голем пат за камиони за дрва, поиздржливите (ако се качувате на Водно нема да имате проблем) може да се качат на висорамнината од која погледот е лудница-може еден од најубавите погледи 360степени во Македонија.
Радика и селата по течението се исто така прекрасни, кој не бил, мора да отиде, Тресонче, Лазарополе, Галичник, Јанче, Ростуше. Беше спомнат и водопадот Дуф, многу убав и необичен водопад (повторно проблемот со ставањето слики).
Преспа е слабо посетена. Брајчино и Љубојно се многу убави, и Долно Дупени во нивна близина покрај езерото.
Богомила и селата под Солунска глава-Папрадиште, Нежилово.
Сеуште не сум бил Мариово, ќе биде и тоа сигурно. Треба да е едно од the must местата во Македонија.