Автор Тема: Убави места во Македонија  (Прочитано 115993 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #15 на: 18 Мај 2013, 21:03:46 pm »
Каде е тоа? Нешто цени, слики, ово-оно?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #16 на: 18 Мај 2013, 21:14:39 pm »
www.hotelmanastir.com.mk

Мислам дека сите основни информации ги има.
Со 4 ѕвезди се, цената не е ниска но е пониска од Аурора (5 ѕвезди).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #17 на: 18 Мај 2013, 21:20:30 pm »
Не била висока? ВО Манастир? ЛОЛ

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #18 на: 18 Мај 2013, 21:34:18 pm »
Не била НИСКА. Продолжи со пивото и дома?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #19 на: 18 Мај 2013, 22:00:30 pm »
Пред црн врв.
Нема 10м висина ама убаво изгледа...


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #20 на: 18 Мај 2013, 22:11:31 pm »
Еве некое сличе од Вевчани. Кој не бил и нема да отиде незнае што пропушта. Најубав период е мај месец или почеток на јуни. Има масички и клупи направени од дрво, под дебела сенка, а од другата страна ти жубори вода. Винстински рај.







Штета што имам само три слики од природа, на другите сме сликани ние, па не се за у јавност. Башка кој сака пред влез во Вевчани си има ресторанче со голема тераса, а под неа поминува цела вода што се слива од Вевчани.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #21 на: 18 Мај 2013, 22:13:55 pm »
Бев таму пред 7-8 год во 8одд и во глава ми остана имам голема желба да го посетам пак, се надевам летово :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #22 на: 18 Мај 2013, 22:15:07 pm »
Едноставно местото неможе да се објасни, треба да се доживее.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #23 на: 18 Мај 2013, 22:15:56 pm »
Во Вевчани само на пролет.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #24 на: 18 Мај 2013, 23:55:10 pm »
Тогаш им е сезона на парење.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #25 на: 19 Мај 2013, 00:26:29 am »
Stranec vo Vevcani: Zdravo Babo, imate tuka nekoja atrakcija?
Babata: Imase sinko ama se omazi!

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #26 на: 19 Мај 2013, 01:13:06 am »
Еве тема каде ќе се олеснам ќе си ја кажам желбата и едно мое размислување. :)

Живееме во една мала но сепак прекрасна земја која исполнува со изобилства на убави и прекрасни места за уживање и релаксација!

Доаѓа лето и се мислиме каде да одиме на одмор надвор од државата и каде да истрошиме по неколку стотици евра.Одиме во Бугарија, грција и не ти знам каде...
Зошто да не отидеш некаде на одмор во Македонија, да се прошеташ низ својата земја на некој места кај што не си бил(а сигурен сум дека 80% од нас не си ја знаеме земјата) да ги истрошиш тие пари тука. Мислам дека е дури и срамно да одиш да шеташ низ странство а да ја немаш прошетано оваа еден грст мала земја(барем јас така мислам).

Знам дека нели млади сме и сакаме море, плажа, п**ки, забава...но немора секогаш да биде тоа.

Огромна желба ми е да си ја прошетам цела моја татковина да отидам на сите убави географски места. Да имам можност и доволно средства уште сега би тргнал!

Четворица во една кола да тргнеш со по сто евра нека е да не биде повеќе, мислам дека ќе доживееш една прекрасна авантура која ќе те исполни до бескрај...




се согласувам со тебе ВО ЦЕЛОСТ... тотално си во право. но, еве ја и мојата страна на гледањата по ова прашање:

работам своја фирма, тоа значи многу работа со луѓе. мојата фирма работи со тешки материјали, тоа подразбира мноооогу физичка работа, во која главен актер сум јас. кога ке дојдат тие 5-10 дена ЗА ОДМОР преферирам да ОДМАРАМ покрај вода, да се бањам и да уживам, додека ги трошам моите пари на кејфови, како на пример да ми донесат пиво и кафе во лежалка под чадор на плажа, а не да шетам по планини. шетање е ЗАМОР а не одмор. значи лежам и пиуцкам она што ми се пиуцка, а сега за сега во македонија тоа можеш да го добиеш само на еден многу мал дел од охридската плажа и нигде на друго место. а кога ке се вратам во апартманот или вечерта кога ке седнам да јадам, сакам чист чаршав на маса, удобно столче додека вечерам, тишина додека спијам, здрава (не љуљчка маса) исто така. ова во охрид слабо го обезбедуваат, а и тие што го обезбедуваат заедно со се плажите што ги спомнав ке ги посетиш една-две па еве и три години по ред... и после?

 а за шетањето да, во право си, повторувам уште еднаш треба да си ја знаеме земјата. меѓутоа не како место за идење наодмор кој е итекако повеке од потребен. шетањето може да биде и кај мене е викендашко, во текот на работниот дел од годината.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Vinicanec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #27 на: 19 Мај 2013, 04:23:01 am »
Благодарам за постовите видов некои прекрасни места каде не сум бил. Јас ви постирам слики само од таму каде што сум бил. Сега ке ви презентирам нешто од злетово и лесново
1. Рибен ресторан Злетовица( таму до пред некое време  чуваа волк но поради инспекции не знам колку е стварно така ми кажа човекот шо го одржува дворот морале да се ослободат од него. Сега чуваат само загари и некој гулаби но од тоа немам слики наредниот пат кога ке идам ке сликам и ке закачам и од тоа : )




Еве ме и мене со пасатот да ви докажам дека сум бил + да видите дека има доволно место за паркинг :D



2. Лесново- овде ке ви покажам некои слики од манастирот СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ и пештерите кои се наоѓаат во близина на манастирот







Видете колку е бистра водата во пештерата

Отсутен Vinicanec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #28 на: 19 Мај 2013, 04:38:37 am »
Темава е убави места во Македонија или убави Кафани во Македонија ? :)
Повеќе по кафаните сме :)

Отсутен Vinicanec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #29 на: 19 Мај 2013, 04:55:57 am »
Хотел Манастир е на мое добро другарче. Фамилијарен бизнис, прекрасна фамилија и многу ми е мило што им иде бизнисот.
Гостопримливи и прекрасни луѓе, и убеден сум дека и во хотелот владее таква атмосфера.

Летово ќе идам да ги посетам, не смеам да пропуштам :)
Аурора имам идено у манастир немам летото кога планираш да одиш виница е пред берово пиши на форумо најави ми се тамн и Виница ке ја видиш ке пиеме по 1 кафе а инако во секоја 2 куќа има убаво домашно вино и ракија по тоа сме познати таква е и легендата за градчето :) Таа е Беровска дума оди на кафе имам убава рачија :)