Автор Тема: Opel Corsa B 1.0  (Прочитано 29360 пати)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #90 на: 02 Август 2013, 00:50:21 am »
Разгледај ја темава и освежи ги обелените пластики ;)

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1742.0.html

Минатата сабота ги „освежив“ пластиките и браниците и навистина изгледа поубаво.

Ќе закачам слики викендов, немам добар апарат при рака.

Употребив спреј (треба да видам каков точно) по препорака и со помош на другар кој вози иста Корса и кој веќе ја имаше „освежено“ својата лимузина :)

Туку, да прашам нешто друго, иако мислам дека некој има одговорено по некоја од темите, само не знам каде сум прочитал: како да ги исчистам изводите/прскалките за вода за бришење шофершајбна?
Ја паркирам понекогаш под дрво, во сенка, и другиот ден шофершајбната е како препарирана од смола.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #91 на: 02 Август 2013, 00:56:41 am »
Volanot e cuden zatoa sto nema Airbag. Siguren sum deka za Euro2 mora da ima airbag, no pak nekak uspeale da ja vnesat.
Volanot tesko se vrti zatoa sto nema servo.
Motorot e umren, i treba da se naviknis na toj fakt, i da naucis da vozis soodvetno negovite karakteristiki.
Korozija sigurno ima posto e od slovenija, site koli se skapani vo slovenia. Ako sakas da ja cuvas slednite 5-10 godini sredi go toa sto pobrzo.
Menuvacot treba da e krut kaj Opel(Corsa), vo sprotivno kolata e izdrnkana i izvozena, a tvojata ne e.

Kola so najslab motor i nula oprema e odlicna kola za vozac pocetnik.

Моја претпоставка: колата е увезена првично со волан со airbag. Некој ја има слупано или барем потчукнато и има пробушено перничиња, па има сменето волан за да камуфлира. Колата е измазнета на неколку места, па прешприцана (тоа го гледам сега, после повнимателно разгледување).
Сепак, моторот добро работи и јас сум задоволен, на крутиот волан се навикнав и веќе и` напраив 2500км (за два месеци - не е многу, ама не е ни малку).
Во тек ми е мерење на потрошувачка, иако според досегашното возење, комбинирана би требало да е околу 6-6,5л/100км.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #92 на: 02 Август 2013, 01:39:02 am »
не прскаат воопшто,или прскаат слабо?

ако е второво јас би го извадил цел резервар надвор и ќе го исчистам убаво,па сите црева перење и на крај прскалките чистење со игла(тоа го направив кај мене пред недела дена)

а ако е првово,моторче,осигурач или некаде имаш краток спој

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #93 на: 02 Август 2013, 09:33:18 am »
 Ќе да е првото.
Викендов ќе имам малку повеќе време да чепкам некои работи, па ќе се обидам, со помош, да го средам и ова.
Ми текна дека може прскалките имаат фатено бигор, тешки нека е тоа.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #94 на: 02 Август 2013, 09:38:23 am »
кога ќе ја стиснеш ракетата за пуштање на прскалките,работи моторчето? има некој звук?

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #95 на: 02 Август 2013, 17:07:31 pm »
Баш сега проверував тоа, ама изгледа не работи. Не дава звук. Течност има доволно и повеќе од доволно, ама ќе треба да се провери моторчето, кое не знам каде е испикано под хауба. Ќе го ѕирне некој повичен од мене деновиве.

Фала ти на помошта :)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #96 на: 05 Август 2013, 23:23:16 pm »
Смичка?

Како може да се извади моторчето и резервоарот за вода за прскалките од под хауба?
Мора ли да се отшрафат сите пластики од долната страна на шофершајбната?
Се обидов да го извлечам, ама има две шрафа, кои баш и не се достапни, колку што успеав да видам?

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #97 на: 05 Август 2013, 23:47:52 pm »
http://thumbs3.ebaystatic.com/d/l225/m/mlI7OKStVgIwzEpySbFa5Aw.jpg
се надевам вака е кај тебе,ако е така,пред да го извадиш резервоарчето,прво купи си мотрче/пумпа за истото,доколку е во тоа проблемот.Вади,одврти се што го држи истото и замени го.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #98 на: 06 Август 2013, 07:13:58 am »
еј незнам како е кај корсите
за недостапни на сите коли се недостапни штрафовите,види разгледај,ако нешто не ти фаќа око,кај било кој мајстор можеш да го средиш за едно пиво

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #99 на: 06 Август 2013, 08:29:34 am »
и прво отвори ја старата пумпа пред да купуваш нова пошто внатре има една како гумиче што регулира за дали да прска напред или позади. тоа гумиче може е набубрено и воопшто да не прска :)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #100 на: 07 Август 2013, 01:27:40 am »
@Зоки поки - така изгледа некако, со тоа што на основата на резервоарот има две „крилца“ кои се зашрафени не баш најпристапно, па за да го извадам резервоарот и пумпата ќе треба да ги рашрафувам сите пластики под шофершајбна.

Маршер ми е блиску, може ќе ја однесам на рутински преглед, па ќе го спомнам и ова.

Инаку, фала ви на препораките :)

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #101 на: 07 Август 2013, 03:34:56 am »
ако си фатил штрафцигерче и моторцангла у рака некад,се кладам дека и самиот ќе го средиш проблемот,шофершајбната нема да ти рикне за вода,не се секирај ;D
биди креативен малку,ако заглавиш тука сме :)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #102 на: 20 Август 2013, 13:08:18 pm »
Го замолив брат ми да фотграфира, ставил ептен зум, како и да е, еве слики од бојадисаните пластики на полумесеците.
Исспрејани се и предните и задните пластики на полумесеците, а и предниот и задниот браник.





И, да, еве ја и членската книшка:

:)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #103 на: 20 Август 2013, 15:28:32 pm »
На здравје налепница колега. :)

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #104 на: 20 Август 2013, 16:31:58 pm »
такозвани...............БЛАЖО Разбираш,шо не ќутиш дека си ти? :)
Еми ај сега,доучи се со возењето,па згрми нешЧо шо Че ти прај мерак.
ПС: Прејѓе ти се вртеа колцата ;D