На левата врата имам една гребаница која многу ми боди очи, особено заради тоа што јас ја напраив.
Почнав да се распрашувам, ми рекоа прво со акрилна боја, па потоа со лак, би чинело околу 3000 ден.
Јас спомнав и корозија на подвозје и тој ми предложи стружење со челични четки и спрејање со битумен (
) (или со друга „направија“ чие име не го запомнив, а доцна е допрва да пребарувам).
Е, сега, човеков предложи низа активности и работава испадна ко Цацко на Миле Паника кога му направи Ауди од Буба
Сакам да кажам, го прашав за една рабпта, а тој веќе ми предложи пребојување на цела кола и подвозје.
Any thoughts?
Anyone?
(особено за третманот на подвозјето, другиве работи ќе морам да ги средам).