Автор Тема: Opel Corsa B 1.0  (Прочитано 29344 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #30 на: 16 Мај 2013, 02:42:02 am »
Добредојде колега !

Посети го Маршер за се што ти треба, човекот е махер !

Со здравје да го возиш Корсичето !

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #31 на: 16 Мај 2013, 15:54:53 pm »
Добренајдов!

Ќе го посетам Маршер, веројатно идната недела, само кажете ми да не има некој таен поздрав, ракување или намигнување за форумаши :D
Идната недела оти тогаш најрано ќе стигнам да комплетирам документи и да ја регистрирам.
Тогаш ќе имам и нови фотки...

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #32 на: 16 Мај 2013, 16:02:13 pm »
опааа... уште еден опелџија!

Добредојде, и многу безгрижни километри !

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #33 на: 16 Мај 2013, 16:04:43 pm »
Daj napravi slika od enterierot, volan, menjac, vrati, vozacko sediste...
« Последно менување: 16 Мај 2013, 16:30:50 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #34 на: 16 Мај 2013, 22:47:16 pm »
само кажете ми да не има некој таен поздрав, ракување или намигнување за форумаши :D

Да, лозинката е: „Здраво, ја сам Титов шофер, свиња је умрла....“

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #35 на: 25 Мај 2013, 15:30:52 pm »
Фала ви, @rakunce и @KaZan. :)

Конечно се „споив“ со моево фенче, како што сакаат да кажат некои луѓе од тука.
Километражата покажува 76инешто илјади, не 55, како што напишав претходно, има некои маани, на пример, има две гребаници на десно крило и удар (од камче, веројатно) на хауба.

Мене ми изгледа како да е „шминкана“ и китирана, пред се` заради некои остатоци од боја на браниците, а и „мачканици“ под хауба, кај држачите на моторот. Има малку корозија на неколку делови, меѓутоа, мислам дека не е ништо сериозно, т.е. не е нешто што не може да се поправи.
Сепак, Маршер ќе каже конечно.
Ако успеам да емам таблици в понеделник, тоа ќе биде веќе иднава недела, ако не, ќе мора да почека, затоашто не сакам да ја возам без таблички.
Денес помина технички, со одлична оценка, според дечките од АМСМ, и потоа ја пробав и на отворено и низ град.
Бидејќи не сум искусен возач, според тоа колку (не)знам за мотори и коли, според тоа што чув и видов, мислам дека ќе се „љубиме“, барем извесно време.
« Последно менување: 25 Мај 2013, 15:53:36 pm Возач почетник »

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #36 на: 25 Мај 2013, 15:51:04 pm »
Еве и фотки:




Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #37 на: 25 Мај 2013, 16:42:31 pm »
Кога успеа да поминеш 21000? ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #38 на: 25 Мај 2013, 16:47:16 pm »
Донеси ја утре вечер пред веро после 10 саат навечер да ја пробаме да ти кажеме да не има уште некоја маана :)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #39 на: 25 Мај 2013, 18:34:48 pm »
Да, бе, ја пробував во двор и дури се свестив, оп, 21000 ;)
Вистината е дека беше огласена дека има 55000км, веројатно дечкото продавал повеќе коли одеднаш и објаснувајќи ми за другата, не сме се разбрале точно.
Како и да е.... и овие 76000 не ми се верни, видов некои лепенки, дека масло е сменето на 49000 во 2005, после дека акумулатор е сменет неколку години подоцна на 55000, Маршер ќе го има последниот збор, па ќе видиме дали колава е девојка или веќе стара мома. :)
Битно мене ми „легна“, па ќе видиме што-како понатаму :)

Значи ќе мора да ми даваш упатства во инбокс како да ги разбирам твоиве финти.
Знаеш како е, кога некој е нов во друштво, и сите го зафркаваат?!
Е, јас сум тој, ама за да биде интересно, мора барем малку да имам осет за што се работи за да влезам во филмот, макар и во улога на гуштер :)

П.С. Има трки или форумска собиранка за грицкање семки со седење на хауба?
Па има некој ултимативен тест, ако хаубата издржи член од 120 литри, тогаш е ок, па некој ја позајмува да провери амортизација на Водно, или што и да е?! :)


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #40 на: 25 Мај 2013, 18:42:33 pm »
Хахаха, не си ти арен жими се ;D
Јебига гуштер си ама не си од оние смотаните. Иначе се собираме пред Веро Тафталиџе секоја Недела во 10 часот, а се собираме и на пиво секој понеделник после 17:00 на Орце Николов во кафичот спроти ДМ кафаната.

Моите финти не се ни обидувај премногу да ги сфатиш, чунки јас сум бил вонземјанин, така викаат тука, сум имал некоја необјаснета смисла за хумор ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #41 на: 25 Мај 2013, 18:56:48 pm »
Еден од најсмешните волани што сум ги видел.

Со среќа количето! :)

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #42 на: 25 Мај 2013, 18:59:32 pm »
Утревечер не ќе сум во Скопје, ама следна прилика ви се придружувам.

Инаку, лекарско имам, е сега, која ординација си зела одговорност, тоа тие нека си мислат  ;D

Едит: @zeroSignal, фала ти.
Воланот не ми го исмејувај, те молам.
Ќе напишам книга за црногорски фитнес кога ќе поминам 10000км.;)
« Последно менување: 25 Мај 2013, 19:14:07 pm Возач почетник »

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #43 на: 25 Мај 2013, 21:02:28 pm »
Разгледај ја темава и освежи ги обелените пластики ;)

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1742.0.html

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Opel Corsa B 1.0
« Одговори #44 на: 26 Мај 2013, 00:37:45 am »
Фала ти ан сугестии.
Планирав тоа, ќе ја разгледам темата, имам веќе некои идеи и искуства на другар што вози иста како мојава, па ќе видиме како ќе оди.
Прво мора да помине „квалификации“ кај Маршер, да се сменат генералните потрошни делови и течности, после ќе му ја мислам за шминкање (ќе треба веројатно и да ја исполирам, ако може да ги снема тие гребаниците, оти многу ми бодат очи), ама по ред.

Вистина е дека ми „легна“, ама мора да се навикнеме еден на друг пред се` останато :)