Автор Тема: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.  (Прочитано 7666 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« на: 06 Јуни 2011, 15:35:01 pm »
Епа вака другови пионери.
Денес стаса КИАТА за која зборував пред неколку месеци дека ја порачавме.

Пред да ја пратиме на терен да се користи, нормално ја имав таа чест да ја извозам и да направам некоја фотка.

Не сум професионален тест возач како нашите колеги овде но имам возено доста возила од истата или слична класа, така да можам да направам некои споредби и донесам заклучоци кои ќе бидат колку толку реални и корисни.

Како прво без изненаден од квалитетот на материјалите во внатрешноста.
Нема крцкање, нема ептен тврди пластики, иако за вратите можело да се употреби и за нијанса помека облога.
Ентериерот е прописно скоцкан можам да кажам и изгледа доста солидно и за око прифатливо.

Го седнав мојот колега внатре (јас сум многу долг не сум валиден репер) и му реков да посегне по секое можно копче кое што може и смее да се употреби во текот на возењето. Ергономијата на внатрешноста е на завидно ниво.

Повеќето од командите се меки на допир и го нема она евтино чувство на штракање. Не ми се допадна начинот како е решено контролирањето на звукот и темпоматот кај командите на воланот. Едноставно едно пемпеле кое се бутка нагоре или надоле не одава некое чувство на удобност, многу е мало и треба да се сконцетрираш за да ја извршиш саканта команда. Некако не оди под дифолт сето тоа. Може не сум навикнат ама не ми дојде некако како најсреќно решение.

Блутутот функцинира добро и се слуша одлично разговорот во кабината.
Повратниот сигнал од повикот е исто така со ОК квалитет, проверивме со јавување.

Сите команди реагираат одлично а морам да ја пофалам електриката на прозорците. Се затвараат и отвораат невероватно меко и доста споро што е карактеристика за возила од повисоката класа. На пример кај Оутлендер, Рав 4 и АСХ отворањето и затворњето е многу побрзо и се слуша звукот на затварање. Бумп...! Овде нема ништо слично. Се е меко и безшумно.

Место во кабината има доволно, дури и за магаре од два метра како мене.
И над главата останува доволно прстор иако седиштето ми беше наместено во највисока можна позиција на седење.
Морам да забележам дека освен Туарег В10 ова е второ возило во кое што сум се почувствувал непријатно одкако сум го турнал возачкото седиште до крај. Морав да го вратам за два степени назад бидејќи позицијата ми беше ептен незгодна. Значи простор за маневар во кабината има и повеќе од доволно а богами останува и на задната клупа.

Високата позиција на седење дава супер чувство.

Седишатат ми се присторија доста удобни како за прво седнување. Тврди (многу потврди одколку кај АСХ-от) но доста удобни.

Багажниот простор е доста голем (не знам точно колку литри), а под подот кој што се крева седи резервно тркало во оригинална димензија. Поклопецот назад е одлично решен со таканречена ролетна. Ја нема онаа трвда пластика која што тропка при возење и на најмали дупки.

Задните седишта се соборуваат ептен лесно со еден потег, од гепек со повлекување на каиш или од вантре со притискање на копче.

Затварањето на вратите исто така пријатно ме изненади. Доволно е нежно подбутнување за да се затворат а присутен е оној тап истежок звук, карактеристичен за квалитетните возила...само едно меко, тапо...бумп!

После завртувањето на клучот во бравата од надвор се слушна еден многу софистициран звук, дури не карактеристичен за современите дизели. Некако премногу мек, премногу чест, значи без она стандардно клокотење на ниски вртежи, повеќе ми звучеше како големолитражен бензинец одколку како дизел.

Се на се пријатно прво чувство од почеток.

Попсле повлекувањето на рачката на автоматскиот менувач во позиција за назад се слушна звукот на паркинг сензорите кои што е доста гласен и тотално непријатен (бар за мене за слушање). Имаше едно детско точаче оставено позади и ги активираше сензорите. Нормално дека се исклучуваат но се многу потребни поради слабата прегледност позади од малото стакло. Позиција ДРАЈВ и погонот на сите тркала почна да го движи возилото.
Автоматскиот менувач беше првото поголемо разочарување кое го доживеав во ова возило. Во град на ниски обртаи и при стална промена на брзината на движење се осеќа промената на брзините и тоа доста добро. Покрај промената на звукот која е ептен забележлива при понагло додавање на гас се осеќа и едно сецкање предизвикано од префрлувањето во понизок степен за да моторот добие на снага но е многу ...многу непријатно чувство, како да губи здив возилото. Се на се, шестостепениот автоматик на КИА кои приметно менува, не ми остави никаков впечаток со оглед на тоа дека сите службени возила што сум ги возел биле со автоматски менувач.

На лежечките полицајци подвозјето реагираше солидно иако можам да кажам дека моето префинето газе од 100 кг многу подобро се осеќа во Митсубишито одколку во КИАТА. Доста тврдо е подесено подвозјето и се осеќаат буквално сите нерамнини на патот, како со звук атака и со вибрации.

Се управува и држи на пат премногу лесно. Воланот скоро и да не создава никаков отпор при вртење. Сега колку е тоа добро баш и не сум сигурен? Чувството е ок затоа што можеш да го вртиш и држиш и со малото прсте од раката но некако одговорот од подлогата е минимален, премногу софти, дури немаш чувство дека си во кривина со 140. Некако премногу меко за мене, можеби затоа што сум навикнат да осеќам мал одговор од подвозјето во рацете на поголеми брзини во кривина, но тоа е тоа.

Навалување во кривини до брзина од 140 км на час скоро и да нема. Тоа е супер решено според мене а на поголеми брзини не пробав затоа што сепак возилото има поминато само 300 км и не ми беше баш пријатно да го газам за да видам како се однесува.

Звукот во кабината при понагло додавање на гас е непријатен додека не се постигнат саканите вртежи. Над 120 нема некое дерење на моторот но се слуша во кабината дефинитивно.

За дизел СУВ во рамките на нормалното.

Она што следно непријатно ме изненади се преформансите што ги вади дизелот од 2000 cm/3 со 135 Ks. и 320 Nm.
На нагорнина забрзува ептен споро. Во споредна со АСХ/от (1.8 cm3, 150 ks i 300 Nm.) ми се причини како да нема ни 1.7 кубика моторот.
На рамно и така и така но го нема она чувтсво на повлекување кога ќе се залепи педалата до крај. Се на се моторот барем според мене не ги покажува забите и не делува импресивно како на хартија. Очекував многу повеќе но тоа е тоа.

Нема да навлегувам во дискусии и предпоставки зошто е тоа така. Едноставно ќе кажам дека ако некој ми речеше дека под хаубата работи 1.7 дизел, ќе го прифатев тоа здраво за готово без дополнителни прашања.

Она што ме одтргна од мислите дека моторот не е баш нешто најсовршено што излегло од КИА е кучето кое што излезе на пат и ме принуди да ја залепам ногата на педалата за кочење. Одлично, да не речам перфектно. Не можев да измерам метри ама многу брзо од 140 км на час паднавме на нула, без мрдање, без занесување поради наглата реакција, меко, како по шини едноставно.
Одлични кочници според мене, подобри од оние на АСХ/от.

После еден час се вративме кај мене пред канцеларија и пред да го изгасам дизлески мотор на бордот ја забележав бројката за потрошувачката која изнесуваше 9.7 литри.
Поминавме околу 50 км, 40 на автопат и 10 во град и со оглед на тоа дека најголем дел од времето ја возевме околу 120 км на час (максимум 140) потрошувачкаа ми се виде ептен голема за дизелски агрегат со оваа јачина. Споредбено кај мене АСХ/от со комбинирано возење 50/50 град-отворено нема да потроши повеќе од 6,3 литра со тоа што моторот е помал за 200 кубни сантиметри а појак за 15 КС но има 200 Нм помалку. Како тоа сето во комбинацијата со тежината на возилото влијае на потрошувачката ќе објаснат малку поупатените од мене.
Јас не сум баш најстручен во овој дел.

Една огромна забелешка до дизајнерите на КИА....Столбовите напред ненормално сметаат кога се врти во лево или десно, барем на повисоки луге кои мораат да го поттурнат поназад седиштето за да најдат удобна позиција за седење.

Офроуд возењето изостана овојпат со оглед дека ми беше жал, гланц ново возило да го акам по дупки и прашини.

Нека направи некој километар фазла па ќе ја пробаме и таму.

Се на се возилото одлично изгледа и е пријатно за возење. Корејците дефинитивно одат напред тоа е непобитен факт. Е сега колку е финансиски исплатливо за овакво возило кое од дополнителна опрема има, Автоматика на светла и брисачи, паркинг сензори, електрика на сите прозори, двозонска автоматска клима, радио цд со команди на волан, блутут, борд комп, кожен волан подесив по висина и длабоќина и менувач со кожа, не знам колку точно воздушни перничиња, седишта со лумбална подршка, автоматски менувач, погон на сите тркала, АБС и ЕСП, алу бандажи од 17 инчи, и триста и пеесет други ситници, да се платат 26.500 евра со попуст од 1.000 евра избоксуван на пријателска база, навистина не знам?

Вие подобро ќе кажете од кога ќе прочитате, ќе прогуглате и ќе ги видите сликите што ги направив денес.































« Последно менување: 06 Јуни 2011, 17:54:45 pm Sportex »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #1 на: 06 Јуни 2011, 15:37:46 pm »
Да и стаиш поголеми бандажи, да и стаиш ксенон, да и напраиш ремап, да и ги затемниш стаклата, да и стаиш украсче на издувот, да и стаиш карбон фолии...колку троши ?   :):):):):):):):):):):):):):):):):):):):):)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #2 на: 06 Јуни 2011, 15:39:47 pm »
Песната која се вртела на мп3 плеерот во моментот на сликање е врв ;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #3 на: 06 Јуни 2011, 15:40:27 pm »
Песната која се вртела на мп3 плеерот во моментот на сликање е врв ;D ;D ;D
Мислев дека само јас го забележав тоа! Иначе аутцето: „Не“.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #4 на: 06 Јуни 2011, 15:43:23 pm »
Песната која се вртела на мп3 плеерот во моментот на сликање е врв ;D ;D ;D

Хаххахаха Цд-то стоеше внатре. така ми ја донесе човекот,..негово беше.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #5 на: 06 Јуни 2011, 15:47:49 pm »
Шала на страна браво за доброто претставување !

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #6 на: 06 Јуни 2011, 15:54:57 pm »
Se na se:

-motorot razocaruva
-podvozjeto e sportsko i neudobno
-upravuvanjeto bescuvstvitelno
-se deluva stegnato

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #7 на: 06 Јуни 2011, 16:20:22 pm »
На фаца е топ, ептен ми прави кеиф... мене лично ми личи многу кеш... за тие пари имаш Каптива... каде што мислам, дека е боље комбинација...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #8 на: 06 Јуни 2011, 19:08:22 pm »
На фаца е топ, ептен ми прави кеиф... мене лично ми личи многу кеш... за тие пари имаш Каптива... каде што мислам, дека е боље комбинација...

Дека е многу кеш и јас го мислам истото а за Каптивата ќе се воздржам од коментар.
Да и стаиш поголеми бандажи, да и стаиш ксенон, да и напраиш ремап, да и ги затемниш стаклата, да и стаиш украсче на издувот, да и стаиш карбон фолии...колку троши ?   :):):):):):):):):):):):):):):):):):):):):)

Абе така е да е твоја... ама ова е службена, нема ставање ништо на неа...саде терање километража.  ;)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #9 на: 06 Јуни 2011, 19:53:48 pm »
Имав Каптива, и мислам дека е измислено ауто за Киа-ва...

Покомотна е 100%, поголемо и пошироко ауто, а и внатре изгледа побогато...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #10 на: 06 Јуни 2011, 19:56:17 pm »
Не знам не сум возел Каптива затоа реков ќе се воздржам од коментар.
Сум возел Антара (старата) и не се споредува со КИАВА бар со моторот.
Ако е иста Каптивата како Антарата сери се на неа....ама пак ќе кажам не знам не сум возел.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #11 на: 06 Јуни 2011, 20:48:30 pm »
Не сум љубител на СУВ-ој и слични (полу)производи. Или џип од типот на land cruiser, pajero, range rover и сл. или ауто. овие ми се - неопределени... ни таму ни таму...  Затоа ќе кажам само со среќа да си го возите, и долго да ве служи :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #12 на: 06 Јуни 2011, 21:35:45 pm »
За по риба е и повеќе од доволно ;D

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #13 на: 06 Јуни 2011, 22:26:51 pm »
Не знам не сум возел Каптива затоа реков ќе се воздржам од коментар.
Сум возел Антара (старата) и не се споредува со КИАВА бар со моторот.
Ако е иста Каптивата како Антарата сери се на неа....ама пак ќе кажам не знам не сум возел.

Види за службена кола е топ, камо ја да имав вавко службено количе... Не викам дека не чини КИА-ва, него... јас сум возел Каптива едно пола година предна влеча 2.0 турбо дизел со 160 кс и сум задоволен, и презадволен од... перфоманси, потрошувачка, стабилнот комоција... све све...

Мојот коментар е, да ми дадат мене да бирам мегу КИА-ва, и Каптива... јас би идел на Каптивата...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: KIA Sportage 2.0 CRDI (automatic) AWD.
« Одговори #14 на: 06 Јуни 2011, 23:41:58 pm »
Не знам не сум возел Каптива затоа реков ќе се воздржам од коментар.
Сум возел Антара (старата) и не се споредува со КИАВА бар со моторот.
Ако е иста Каптивата како Антарата сери се на неа....ама пак ќе кажам не знам не сум возел.

Види за службена кола е топ, камо ја да имав вавко службено количе... Не викам дека не чини КИА-ва, него... јас сум возел Каптива едно пола година предна влеча 2.0 турбо дизел со 160 кс и сум задоволен, и презадволен од... перфоманси, потрошувачка, стабилнот комоција... све све...

Мојот коментар е, да ми дадат мене да бирам мегу КИА-ва, и Каптива... јас би идел на Каптивата...

Хааааа... па и несум сигурен дека е добра избор за службено возило после Оутлендер, Рав 4, Туарег и слични. ама ново е па ОК е. ;D
« Последно менување: 06 Јуни 2011, 23:43:35 pm Sportex »