Ова е фактички претпоследна, или за некои уште последна - пред фејслифт.
Искуство - позитивно. Се купи ваква Фиеста со 1.4 TDCi мотор на 1-ви април во моја многу блиска фамилија, со што мене секојдневно колата ми е на располагање. Ја возев на отворено, ја возам и низ град малтене секој втор ден, и за тие пари е прекрасно количе. Комбинирана потрошувачка 50% отворено 50% во град е нешто ситно под 6 литри, 5.7 ми се чини.
Моторчето е сосема доволно за намената која ја има, колата е тивка во крузинг мод, стабилна е, Тренд ниво на опрема е сосема доволно за просечниот корисник (радио со 6 звучки, УСБ, Аукс, МП3, клима, борд и други ситници), додека Титаниум е многу повеќе од доволно.
Досега натепаа 1500 километри, презадоволни се од колата, исто и јас, и го препорачувам како топ количе за таа цена.