Кога ја зедов колата во февруари, предните патосници беа подискинати, па теписонот под нив беше влажен...
Ги сменав патосниците веднаш и колку што можев го исушив теписонот (со калорифер, дуваше неколку дена по неколку часа).
Најверојатно кај што имаше влага теписонот под патосниците (најверојатно) има потскапано, мувлосано... Цело лето немаше никаков проблем, но кога почнаа дождовите пред некоја недела, во колата се појаве смрдеа. Особено на сабајле кога ќе ја отклучам.
Со освежувачи од тезга се покрива таа смрдеата, ама не е то то. Ме интересира дали со хемиско чистење ќе има ефект, ќе се одстрани смрдеата, или пак ќе си живеам со неа, и ќе луфтирам и во зима со отворени џамој?