Автор Тема: Хемиско чистење  (Прочитано 295941 пати)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1305 на: 20 Август 2021, 20:55:51 pm »
Добро, знаеме дека е од Кина поевтино, ама не е лошо да имаме избор, како во случајов - или чекаш и плаќаш помалку, или го имаш предметот одма, ама плаќаш повеќе.

Тоа со "колење" и "локални каубои" мислам дека не е баш на место.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1306 на: 21 Август 2021, 00:20:55 am »
Што компанија е оваа Грасс ? Колку што гледам е некоја руска, не ви е "шубе" да го користите на своја кола ? Во кој ценовен ранг се, со Фалкон или попроверените  Сонакс, ТВ, Мафра и слично?

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1307 на: 21 Август 2021, 07:20:49 am »
Зошто шубе, кога се топ производите?

Ако не го преплаќам, по автоматизам не чини?

Земи нешто ситно, и така им се ниски цените, пробај, па ќе кажеш. Препорачувам дресинг за пластики со мат ефект да си земеш, вака за почеток...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5456
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1308 на: 26 Август 2021, 22:49:42 pm »
Земав два препарати за проба,од ко е купена колата не е чистена салам со средства, јес да повеќето од времето е гаражирана и генерално се вози 1, евентуално 2ца. Најповеќе е возачката врата извалкана и навлаката од седиштето, се друго е чисто. Почнав прееска ама ме стемна сабајле ќе го видам резултатот. Ако има некој користено вакво нека пријави дали е безбедно за на светол материјал, имам 2-3 дамки на тапацирот од кровот ама е кремов и ми е да не ги раширам со триењето.



Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1309 на: 27 Август 2021, 00:02:28 am »
Pazi so tapacirot na krovot od megan. Moze da se odlepi. Jas ne bi pipalnogu

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1310 на: 27 Август 2021, 07:40:22 am »
Обвиј го прстот со мф крпа, прсни една капка од пената на крпата и каде е флеката, затриј, ама не притискај.

Овие пени се суви, така да ако имаш трпение, ќе го средиш без последици.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1311 на: 27 Август 2021, 19:39:04 pm »
Jas ne bi go pipkal 😉

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1312 на: 28 Август 2021, 07:39:00 am »
Јас со К2 тапис го чистев мојот пред 2 години. Само на првата флека шо ја чистев, демек локално полека, како шо го изводенив со средството се исчисте ама остана валкан раб одоколу каде што беше водено ко се исуше.

Потоа научив, го проширив чистењето и на чистото со благ премин, да нема оштар раб, од водено кон суво постепено одеше местото, ако ви има смисла.

Досега не ми е одлепен покривот, а 20год има колата.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1313 на: 29 Август 2021, 00:30:30 am »
Дечки за колку пари и од каде би можело да се купи некоја машина за хемиско чистење ?  Чисто за своја употреба..

Гледам на фб и на реклама5 има доста што продаваат али ми изгледаат како најобични правосмукалки..
 
И вака нешто ..

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3905981
http://reklama5.mk/Search?city=&cat=&q=hemisko&sell=0&sell=1&buy=0&buy=1&trade=0&trade=1&includeOld=0&includeOld=1&includeNew=0&includeNew=1&private=0&company=0&page=1&SortByPrice=0&zz=1&pageView=1

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2816887

Отсутен MNikolovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 81
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1314 на: 29 Август 2021, 12:31:23 pm »
Дечки за колку пари и од каде би можело да се купи некоја машина за хемиско чистење ?  Чисто за своја употреба..

Гледам на фб и на реклама5 има доста што продаваат али ми изгледаат како најобични правосмукалки..
 
И вака нешто ..

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3905981
http://reklama5.mk/Search?city=&cat=&q=hemisko&sell=0&sell=1&buy=0&buy=1&trade=0&trade=1&includeOld=0&includeOld=1&includeNew=0&includeNew=1&private=0&company=0&page=1&SortByPrice=0&zz=1&pageView=1

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2816887

Таа од огласот на реклама5, Ghibli&Wirbel не е воопшто играчка или обична правосмукалка, ама и цената не и е таква, очекувај околу 400-500еур мин. Инаку тоа е познат бренд за такви машини, имаат продавница карши Тутунски Комбинат, пред да земам бев да гледам, имаат добри модели, најефтиниот мислам беше околу 22-23.000, ама некако не се одлучив за тие.

Инаку ја земав пред некое време од Вурт, околу 26.000 мислам беше, за сега сум задоволен. Единствена мана у споредба со тие од погоре е што нема голема папуча за чистење теписи па мора со малата да се мачиш. Ем иде поспоро ем помачно пошо клечиш цело време. Може да се докупи таква папуча ама мислам дека беше изгор скапа, околу 5-6000.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1315 на: 01 Септември 2021, 19:49:43 pm »
Прашање за поупатени во длабинското чистење, дали после нанесување на pulimax извлекувањето е стриктно со дестилирана вода, или може да се додаде нешто како autoflor на mafra, да дезинфицира и остави поубав мирис?

http://carwash.mk/category-vcistenje/mafra-Autoflor5
« Последно менување: 01 Септември 2021, 20:19:44 pm Vladeee »
>>>>><<<<<

Присутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 579
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1316 на: 01 Септември 2021, 20:47:21 pm »
Со што најчесто ги вадите дамките од овде, дали мора со машина за хемиско
Или пак да пробам со штрафилица и онаква четка за чистење мала?
@Diesel
https://imgur.com/gallery/66w4Er9

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1317 на: 01 Септември 2021, 20:51:16 pm »
Со што најчесто ги вадите дамките од овде, дали мора со машина за хемиско
Или пак да пробам со штрафилица и онаква четка за чистење мала?
@Diesel
https://imgur.com/gallery/66w4Er9
Pulimax  е мајката
>>>>><<<<<

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1318 на: 01 Септември 2021, 22:20:03 pm »
Прашање за поупатени во длабинското чистење, дали после нанесување на pulimax извлекувањето е стриктно со дестилирана вода, или може да се додаде нешто како autoflor на mafra, да дезинфицира и остави поубав мирис?

http://carwash.mk/category-vcistenje/mafra-Autoflor5

Топла вода, ако користиш екстрактор.

Со што најчесто ги вадите дамките од овде, дали мора со машина за хемиско
Или пак да пробам со штрафилица и онаква четка за чистење мала?
@Diesel
https://imgur.com/gallery/66w4Er9

Пулимакс, ама пази да не го накиснеш премногу, да не се одлепи. Платнено е, така?

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Хемиско чистење
« Одговори #1319 на: 01 Септември 2021, 22:31:15 pm »
@Diesel Топла у смисол млака вода(чешмовача), или дестилирана вода. На пумпата пишува max 40c.
>>>>><<<<<