Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115866 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #150 на: 24 Април 2014, 21:55:38 pm »
Баш на ваков крах алудирам цело време.... очигледно ти не ме разбра ама еве сега се разбравме како и да е  ;D

друже... се бањаш ли ти дома? или идеш кај некој друг дома? а комшиите во твојата зграда, дали се бањаат? дали користат топла вода? секако дека да... е па соларниот систем е нешто кое ке го смени начинот на загревање НА ИСТА ТАА ВОДА.. од сега натаму , наместо на струја, ке греете на сончева енергиј... додавањето на соларен систем ни за секунда не го оптоварува водоводниот систем ништо повеке одошто сега е оптоварен...

како неможеш да сватиш дека соларот, на кров она што е, до него не иде вода... апсолутно НЕ!! од тоа на кров влегува цевка дома кај тебе па во бољерот кружат и се враќа назад со друга цевка. во цевката има загреан (многу загреан понекогаш) АНТИФРИЗ кој од соларот доаѓа загреан со помош на сонцето, влегува во бољерот врти неколку кругови и се лади така што уствари ја грее водата во бољерот и така изладен се враќа назад во соларот... значи бољер си е бољер. ти имаш дома бољер сигурен сум.. сигурно не се бањате така што греете вода во тенџере на шпорет. значи наместо тој бољер, сега ставаш нов бољер кој има влез и и излез ЗА АНТИФРИЗ кој е во (како што 3 пати реков до сега) во затворен систем т.е. рециркулативен.

значи,  никакви промени во водоводот не треба да се прават. нигде на друго место екстра повеке вода нема да се троши. ништо повеке екстра притисок не ке треба. никаде нема да иде екстра вода. никој нема да троши повеке вода и нај последното повторувам вода на кров не иде... топлата вода ја добиваш ти дома, во твојот бољер, тој у вц што ти е... таму се грее водата со помош на соларот.

уште еднаш.. вртењето на цевката во бољерот е уствари топлинско изменување или топлински изменувач. така со помош на сонце го грееш бољерот. значи на тој начин, ти ке добиеш топла вода загреана со сонце, а не со елкетричен греач, ништо повеке вода не треба...


а уствари сваќам дека ахтунг се буни, затоа што он мисли на термосифонските колектори. тоа се колектори со бољер на кров. тоа според мене не се вистински и добри колектори. имаат релативно по краток преиод-век на работа. на годишно ниво лимитиран е на околу 6-7 месеци МАКСИМУМ да функционира и тоа се колектори со многу проблеми. јас и мојата фирма не ги работиме нив и такви како мене колеги има многу. едноставно, ние, кои работиме солари, кои не сакаме да си имаме проблеми со глупости и не квалитетни изведби не сакаме да си имаме проблеми со тие таканаречени соларни системи, кои во вистинска смисла на зборот се лоша изведба и евтина дај-пари инвестиција...

некој ке рече, е па што тогаш се продаваат... прво 2 до 3 па и 4 пати се поевтини од вистински солар. второ се продаваат де, тоа не значи дека треба да ги купиш.. и цигарите се опасни, лоши исто како и алкохолот,  но ете, се продаваат во слободна продажба и можеш да ги купиш... тоа е тоа...

со соларен систем (вистински) немаш никакво екстра оптоварување на водоводната мрежа одколку досега што си имал... крај на приказната.

Си почнавме квалитетна дискусија :)
Заради таа причина решив да ставам електромоторен вентил бидејќи во тој случај намалување на протокот ке биде сведен на мин минимум.
Затоа се одлучив да не ставам класичен неповратен вентил.
Инаку претпоставувам дека електромоторниот вентил ке работи прилично брзо, квалитетен е, но тоа ке видам кога ке го приклучам.

недај боже да ти се расипе вентилот...  ќе ти зоврие колекторот и го еба.. толку му треба... значи не од 1-2-3 саати, ама од 1 цел ден вриење му еба дете..

слушај.. во би-ми има едно многу убаво автоматско лонче за солар. малку е мрсничко, ама купи го. на панелот, на едниот крај прицврсти ја цевката за топла вода на другиот крај постави го лончето (зборам во горна зона). во случај да затаи пумпа, вентил или недај боже да снема струја, тоа лонче ке ти го спаси панелот и бојлерот прво од притисоци, второ од воздушни џебови.

јас не сум присталица на елкектро моторни вентили. моето мото знаеш кое е... се што има потенцијал да ја усложнува работата или да се расипе, го исфрлам. неповратен вентил, во услови на работа со антифриз (значи мрсно и подмачкано) ке трае вечно. на вода знае да се зезне на секои 7 до 10 години и треба да се мења, а јас кога полнам полнам со 100% антифриз... густ како зејтин... подмачување за пумпа, подмачкување за вентили сите, поставување на галванизација (од адитивите во антифризот) по цевките и целиот солар и бојлер...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #151 на: 24 Април 2014, 22:23:23 pm »
Точно така. Апсолутно се согласувам. Гликол ке наполнам после месец дена активна работа со соларот, а доволна е и една недела тест период. Чисто да се уверам во исправноста на целокупниот систем, + да се види да не треба да има некаде поправка, санација, не дај боже.

Друго што сакав да кажам е дека водата врие на 100 степени, гликолот на 120 степени. Јас повеќе сакам да го употребувам зборот гликол бидејќи некој учесници во дискусијата кој не се доволно упатени можат погрешно да го разберат зборот антифриз, па наместо гликол да стават во системот антифриз, купен од макпетрол, како за автомобил.

Трета работа е следнава. За заштита во системот има предвидено сигурносен вентил на 6 бари. Тоа значи дека доколку затаи некој од виталните елементи, пример електромоторниот вентил, во тој случај пумпата ќе надрука притисок. Не знам колку е таа моќна за да стигне до 6 бари, но во комбинација со врел гликол може да отиде и повеќе. Така да тоа е една одлична и доволна заштита по мое мислење.

Четврто исто така интересно е следново. Претпоставувам дека системите кои ги работите ги полните на 2 бари, ако не е така, поправи ме. Јас мојот планирам да го наполнам на 3 бари. Што ми е поентата на муабетот. Наместо автоматско лонче за обезвоздушување, ке поставам класично вентилче како на радијатор. Зголемувањето на притисокот за малку, односно 1 бар, ја зголемува точката на вриење на гликолот, а со тоа и можноста за евентуално ослободување на гасови кои би требале да излезат низ тоа автоматско лонче. Така да јас него ке го исфрлам, ке оставам класично вентилче и како заштита го ставам сигурносниот вентил, кој и во случај на прегревање, без циркулација, ке ја заврши работата.

За овој тип на изведба читав неколку трудови да ги наречам и функционираат апсолутно подобро од класичниот систем со автоматското лонче поставено на едниот крај на колекторот. Многу често (на брдовитом балкану) наместо гликол луѓето ставаат вода и истата ја користат постојано, бидејќи не сакаат да уложат уште 10 евра за системот да го наполнат со адекватна течност, гликол во случајов. Па доаѓа многу лесно до прегревање на целиот систем и последиците кои ти ги наведе во твојот пост.

Значи за кратко време на сонце соларот развива огромна температура во системот. Исто така водата во бојлерот брзо ке се загрее, па целиот систем станува прежежок. Нема каде да се ослободи вишокот топлина и истата се акумулира и температурата се зголемува. На 100 степени водата почнува да врие, почнува зголемување на притисокот нагло, и лончето работи и диши...За неколку дена, односно неколку летни врели дена, три четири, се забележува постојано опаѓање на притисокот во системот и негова неправилна работа.

Затоа и реков дека ке го пробам оној систем кој го опишав, а доколку не ми се бендиса, работата е пола саат за монтирање на такво лонче.
Во принцип исто како и кај парното, обезвоздушувањето се прави еднаш, се додека нема некаква физичка промена во системот :)

Баш ме интересира твоето стручно видување на ова што сакам да го направам. :)
 
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #152 на: 24 Април 2014, 22:46:40 pm »
ке мора да најдеш од ретките штопни за обезвоздушување кои се изработени чисто од метал.. повторувам, ретки се. сите имаат пластичен дел во себе. тој пластичен дел ке се стопи на 120 степени, а ке крене 120 степени..

второ, јас го викам антифриз. и како и еден куп други рработи, не ги кажувам јавно, бидејки нема потреба да се замара народецов со тоа... нека остане работата на професионалците.. секој во својот домен нели... инаку гликолот  (кога веке го кажа) јас го полнам на 2.5 бари. како се загрева целата течнст стига па и преминува некогаш 3 бари. но начелно се држам до границата од 3 бари. гликолот на тој притисок проврива и ослободува гасови кога ке крене преку 160 степени. јас лично имам видено и температури од преку 300 степени, кога имало дефекти на нешто (пумпа прегорена или заробен воздух)... тогаш само остани присебен, зашто ако направиш погрешен чекор, 300 степени пареа може да се сровали во тебе... колегата мој има лузна од лакт до дланка и пола дланка... врел антифриз на 210 степени само го дувна за дел од секунда низ сигурносен вентил... значи збориме за 0,1 секунда, десетина од секунда испушти пареа вжештена и го осакати да не работи 2-3 месеци.. целиот беше во пликови. среќа кратко само, замисли да го издуваше да речеме 3-4 декунди.. до коска ке му ја свареше раката... сакам да посочам дека има многу опасни моменти, и не треба така лесно да преоѓаме преку нив. соларот не е пичкин дим работа. мора да биде изведен како што треба, инаку се доведува во опасност човекот...

втора работа... сигурносниот вентил од 6 што си го земал да го смениш со 3 или 3,5 бари. панелот нема да ти издржи поише од 2-3 години на тој притисок. не е конструиран за тиа притисоци, иако во сертификатите вели дека е тестиран на 8 или 9 бари беше чинам... сепак тоа е состав од тенкозидни цевки бакарни кои на споевите се киселински составени со елкетрична температура т.е. нешто како пунктирање... без заварување.`

а лонче? јас би му турил лонче. не е на одмет. утре задутре или било кој ден, ке снема струја макар на неколку саати во врв пладне и ке ти ја спаси целата инвестиција. на сите мои солари обавезно турам лонче... ОБАВЕЗНО... тоа за рачно испуштање не се согласувам. не биди циција за 15-16 евра плус...

едит:
Ајде вака, живеам во зграда од 11ката и 50 стана вкупно... Дојди инсталирај 50 солари на кровот со капацитет од 120 литри во секој стан и да видиш каков крах ке се случи со притисокот ако останат постоечките пумпи и резервоари во пумпната станица.

од прееска мислам и заборавам да кажам...

договори ми ти 50 солари одеднаш, ке добиеш провизија од бруто пазар, или договори ми ти 49, твојот беспари ке го добиеш. плус комшиите ке добијат поевтини солари. ;D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #153 на: 24 Април 2014, 23:02:38 pm »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #154 на: 24 Април 2014, 23:06:37 pm »
ке мора да најдеш од ретките штопни за обезвоздушување кои се изработени чисто од метал.. повторувам, ретки се. сите имаат пластичен дел во себе. тој пластичен дел ке се стопи на 120 степени, а ке крене 120 степени..

Мислам дека нема да имам проблем тоа да го најдам. Ако и немам веќе во гаража, само треба да го пронајдам. :)
Како и еден куп работи кои ги наоѓам кога кречам, а кога треба да се кречи и кога ми треба четка или ваљак, наоѓам штопни, вентили, моторчиња итн итн :)

второ, јас го викам антифриз. и како и еден куп други рработи, не ги кажувам јавно, бидејки нема потреба да се замара народецов со тоа... нека остане работата на професионалците.. секој во својот домен нели...

Знам дека така народски си збориш, ама има секакви луѓе, поготово оние кои те затепаа за херцажата...ЛоЛ, мислам дека се сеќаваш каде се одвиваше дискусија за твојот систем на греење :)

сигурносниот вентил од 6 што си го земал да го смениш подхитно со 3 или 3,5 бари.

Мислам дека не, затоа што покрај нормалниот притисок на кој ке биде наполнет системот, при работа со пумпата притисокот ке биде околу 4 бари, претпоставувам, ако не и повисок...За тоа отом потом...Тој може да се смени за помалку од 5 минути у секое време ако нешто не штима...

панелот нема да ти издржи поише од 2-3 години на тој притисок. не е конструиран за тиа притисоци, иако во сертификатите вели дека е тестиран на 8 или 9 бари беше чинам... сепак тоа е состав од тенкозидни цевки бакарни кои на споевите се киселински составени со елкетрична температура т.е. нешто како пунктирање... без заварување.`

За панелот имам пишана гаранција од 20 години.
Инаку лично присувствував на изработка на панелите во Зрак. Луѓето се стварно љубезни и не прошетаа низ сите простории каде што се склопуваат и изработуваат панелите. Инаку споевите се заварени :)
Вака делуваат стварно квалитетно изработени...Ке оставам времето да покаже :)
А и системот ке го испробам, здравје боже, обично овакви нови работи, а и работи кои не се у мој домен, а имам желба да ги работам, по изработувањето ги пратам подолго време, чисто да се уверам и осигурам дека е се во ред :)

Во секој случај го ценам твоето мислење како професионалец во оваа област (парно греење, солари) и ти благодарам што несебично учествуваш во вакви дискусии и споделуваш дел од своето знаење за да ни укажеш и помогнеш на вакви теми :)

Момци што мислите за панелов Beretta model SC-F25

http://www.beretta.rs/protoani-bojleri/solarni-sistemi/solarni-kolektor-sc-f25?&request=posts/postattachments&download=14&ajax=1

Чиво производство се?
Инаку на сајтот за сертифицирани соларни панели јас не ја најдов Србија...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Re: Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #155 на: 24 Април 2014, 23:07:35 pm »
Зошто да не се нафати? Поготово ако повеќе станари се заинтересирани, или па ако е на некој најгорен спрат уште поубаво. :) :) :)

Site stanari teshko jas sakam za kaj mene. Drugite moze ke prisakaat pokasno samo shto najverojatno ke treba da baram soglasnost od site

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #156 на: 24 Април 2014, 23:32:08 pm »
Ако некој сака да провери дали некој панел или производител е сертифициран, еве сајт на кој може тоа да го направи:
http://solarkey.dk/solarkeymarkdata/qCollectorCertificates/ShowQCollectorCertificatesTable.aspx

Само во графата country code одберете ја државата и ке ги извади сите податоци и сите фирми. Додуше за макеоднија вади и некој кинески фирми, но тоа лесно се проверува :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #157 на: 25 Април 2014, 00:08:29 am »
Сега те сфатив вистински Онак, пошто јас цело време мислев на оние класичните солари со резервоари од по над 100 литра и принцип на циркулација на водата како и обилните бојлери, колку пушташ вода толку и пуни... Конечно се разбравме и еве едно официјално прашање : Живеам на последен кат, рамна плоча, директен довод преку вентилацијата и имам бојлер Аристон 80литри комбиниран и со приклучок за парно ама не ми е приклучен на парното, колку ке ме кошта да му дадам една таква инекција за топла вода и колку е исплатливо?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #158 на: 25 Април 2014, 00:41:42 am »
Сега те сфатив вистински Онак, пошто јас цело време мислев на оние класичните солари со резервоари од по над 100 литра и принцип на циркулација на водата како и обилните бојлери, колку пушташ вода толку и пуни... Конечно се разбравме и еве едно официјално прашање : Живеам на последен кат, рамна плоча, директен довод преку вентилацијата и имам бојлер Аристон 80литри комбиниран и со приклучок за парно ама не ми е приклучен на парното, колку ке ме кошта да му дадам една таква инекција за топла вода и колку е исплатливо?
абе друже...  ;D ;D ;D ;D ме изнасмеа сега ;D... абе 50 бојлери по 120 лиотри се 6 тона вода на кров ;D ;D ;D ;D


инаку ти си во одлична позиција. јас не би чекал за солар ни ден повеке... само финансиски дали можеш...

ти треба прво бојлер (го имаш)
+пумпа
+автоматика со 3 сензори
+панел од 2 квадрати-селективен со градобијно стакло
+конструкција од метални профили и винкли, фарбани со минимум одпосле
+експанзиона 24 литри
+придружни ситни елементи какошто е термоманомер, сигурносен вентил, неповратен вентил, спојници трт-мрт...
+фитингарија
+цевки (до 6-7 метри) над тоа по 5 еуро за метар
+работна р.
+антифриз т.е. гликол колку што треба да се напуни до врв

со соодветна гаранција за се...
помеѓу 800 и 850 евра.. ова е форумска цена. не важи официјално...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #159 на: 25 Април 2014, 00:50:32 am »


Момци што мислите за панелов Beretta model SC-F25

http://www.beretta.rs/protoani-bojleri/solarni-sistemi/solarni-kolektor-sc-f25?&request=posts/postattachments&download=14&ajax=1

Чиво производство се?
Инаку на сајтот за сертифицирани соларни панели јас не ја најдов Србија...

Итаљанско,еве линк од нивната веб страна

http://www.berettaclima.it/

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #160 на: 25 Април 2014, 01:04:31 am »

Целиот систем ке се монтира горе, ке се стегне за гредите од кровот, ке се монтираат цевки, па ке се помине доле на варење на фитинзите, поставување на вентили, пумпи и диференцијален термостат.
да не те заборавам, го мислам ова цело време... доколку биде сончев денот кога ке го правиш ова, чим завршиш со соларот, покриј го со бел чаршав и тоа двојно ако можеш и повеке пати... или со картони покриј го додека да дојде ред да полниш... со свои очи имам видено како се топи калај на солар празен. заглавивме со бојлерот нешто, не идеше и остана многу време празен а на јако сонце... ти се верува дека се одвари калајот? 300 и нешто степени калајот веке е течен...

ние во принцип кога монтираме солар сме нај малку 2-ца но нај често 3-ца во екипа.  еден е на кров, еден му прави припреми од доле со потребни елементи и еден е околу бојлерот... во принцип јас сум кај бојлерот. секогаш го завршувам побрзо од работата на кровот и немаме таков проблем, ама ете се има десено да се заглави... дали тоа е оштетен навој фабрички, па се реже и средува, дали тоа е нешто со фитинг некој кој пукнал на стегање има икс причини и можности да тргне нешто на лошо, но начелно тоа ми беше поентата...

 ако вариш со сребро ок, ама пошто рече дека си видел како се прават колекторите, значи си видел и со што ги завариле од внатре на споевите... дали беше калај, сребро или...? ако е калај, тоа е тоа... а ако е сребро тогаш е друг муабет... до толку неможе да крене температура...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #161 на: 25 Април 2014, 08:08:53 am »
да не те заборавам, го мислам ова цело време... доколку биде сончев денот кога ке го правиш ова, чим завршиш со соларот, покриј го со бел чаршав и тоа двојно ако можеш и повеке пати... или со картони покриј го додека да дојде ред да полниш... со свои очи имам видено како се топи калај на солар празен. заглавивме со бојлерот нешто, не идеше и остана многу време празен а на јако сонце... ти се верува дека се одвари калајот? 300 и нешто степени калајот веке е течен...

Како да не ми се верува... Баш и заради тоа, каде што имам колено под фасада, го варевме со сребрена електрода...На другиве места планирам со калај да го залијам.
Инаку знам и за покривањето. Ке имам направено поклопец за деновите кога ке бидам на одмор, а ке нема кој да го празни бојлерот...Тогаш е проблем да го оставиш така соларот...

Ама да ти кажам имам размислувано и за таква заштита, која може многу да се најде во такви ситуации, а и може многу лесно да се направи. Практично во системот ке се имплементира уште една единица, може и најпросто направена од хладњак за кола, со вентилатор, која што ке функционира на одредена температура. Ке биде закачена во системот, и ке има едена сонда која што ке ја мери температурата на гликолот. Кога температурата ке достигне одредена вредност односно граница, пример 150 степени, ке се уклучи перката и ке го лади системот :D :D :D.
Така никогаш нема да има потреба да го покриваш соларот, нема да направиш штета на системот, а единствено ке имаш загуба која што ке оди на сметката за струја, за работата на вентилаторот :)

Имаш размислувано за вакво решение од прегревање?
Постојат и еден куп други комбинации но тие ми се некако посложени...Да не ги набројувам опциите кои ми се вртат во глава :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #162 на: 25 Април 2014, 10:24:32 am »
има поедноставен начин. мое дело е и творба да речеме. значи не сум измислил богзнае што, само сум употребил елементи кои веке се во проджба и функционира безпрекорно.

потребно:

-електромагнетен вентил (25 евра) или електромоторен каков што си земал више
-котловски термостат
-алупласт спојка
-2 до 3 метра алупласт
-нешто малку кабел 2 или 3Х0,75

го тураш котловскиот термостат да мери температура на бојлерот на нај висока можна точка. се поврзува така што иде во процес на ладење односно на пињоните на нормално затворен. го позиционираш на 85-90 степени. вентилот елкетричен (електо магнетен или моторен) се поставува на топлата вода од излезот на бојлерот.. со спојката и алупластот спроведуваш до канализација.

ефект:
чим температурата во бојлерот крене преку зададената температура (85-90 степени) вентилот ке отвори, ке испорача жешка вода во канализација (ке ти ја продува и прочисти патем речено :) ) и со влегување на нова вода во бојлерот ке се разлади. така имаш заштита од провривање.

да не го заборавиме и сетингот на повекето дигитални автоматики кои имаат заштита една. доколку бојлерот се загрее повеке до 90 степени (или колку и да го наштелуваш но не повеке од 105) едноставно, веке не ја вклучува пумпата се додека не се разлади бојлерот... затоа 85 на котловскиот термостат е таман...

ти веке имаш елкетромоторен вентил. употреби го за ова. се што треба да докупиш е котловски термостат и неповратен вентил за топлата вода со антифриз од соларот.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #163 на: 25 Април 2014, 10:36:16 am »
Може и така како што објасни :) Постојат многу варијанти, само како што рече треба да се спроведат :)

Единствено нешто ради кое не се монтираат е цената која влијае при изборот кај купувачот. Луѓето денес најчесто се одлучуваат за најефтината варијанта, кај која безбедноста е сведена на минимално ниво, односно во некој случаи и не постои.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #164 на: 25 Април 2014, 11:16:01 am »
точно тоа е она што претходно го пишав за термосифонските солари... оние со бојлер на кров... една убава бројка на фирми кои монтираат солари, едноставно не ги работат нив... и истата таа бројка на фирми имаат меѓу нај скапите монтажи на солари. и јас сум во таа бројка. ако ти местам и ако си се одлучил за мене, ке добиеш нај квалитетни материјали што се на пазаров, ке добиеш профи изведба и ке добиеш нешто што ке трае доста долго без никакви посебни зезанции со соларот... имам муштерии кои едноставно заборавиле дека имаат солар. до толку незнаат што треба да прават со соларот поради тоа што нема никакви проблеми... сега испадна ова како саморекламирање или фалење, ама поентата ми беше дека ако сакаш сигурност, безбедност и квалитет, ке треба малку да го отпуштиш кесето. во овој слушај важи старото правило а тоа е: ако не знаеш што е подобро, купи што е поскапо...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време