Пред се сакам да ти се заблагодарам за опширниот одговор.
Ова е конкретна потврда за претходно водените муабети на претходните страни, за сите оние кои не те познаваат дека тоа што го кажаа можат слободно да го окачат "мачки о реп", што би рекле србите.
Не дискутирам за тоа понатаму.
Продолжувам со конкретната тема.
Кога си расположен, или ако те наведе патот наваму, добро е ако можеш да поминеш до кај мене и на кафе и на сок и на пивце, да го зирнеш теренот и да дадеш свое видување. Цевките ке бидат бакар, изолирани и добро наместени, единствено сакам да знам местоположба која би била најидеална.
Исто така би ја прифатил и твојата препорака за панел, бидејќи по она што го кажа многу е битно стаклото да биде градоотпорно!
Не често во Скопје и околината паѓа град, а еднаш да падне саглам, целата инвестиција оди во неповрат.
Деловите под КККК нормално дека се тајни кој секој треба да си ги плати...
Со оглед на тоа дека сакам здравје боже да се уселам у куќава, секој денар ми е драгоцен и неопходен, па затоа и се одлучувам на поефтина варијанта за самоградба.
Имам доста познавање од мајсторски работи и изведба, воедно и од парно греење и водоводни инсталации, но не доволно за да ги завршам сите работи сам...Во тие моменти барам стручна помош или пак викам професионалец во својата област.
Со соларов сум почетник, само на читање, но колку што можам да забележам дел од работите се многу блиску, односно слични со парногреењето. Цаките се оние кои ја прават работата да биде тип топ, нормално...
Како што нагласи, алумпластот е уште од старт отфрлен, баш заради причините кои ги наведе. Имав пуштено цевки, но по твојата посета кај мене дома си решив да си пуштам бакар. Имам 22-ка, да не купувам 18-ка, разликата ке биде во волуменот на течноста која ке ја собере.
Озраката горе нормално дека треба да биде декларирана за солар.
Пумпата исто така...
Ајде ако си расположен, може и денес ако ти е уз пат да поминеш. Дома сум цело време .
Поздрав