Убав ден беше денес... па решив да го употребам Бампер маста од сонакс.
Исчистен браникот пред употреба на средствово изгледаше вака

Упатството вика да се нанесе со сунгерче но има доста кривини и дупки па решив со мека четка и мислам дека е поедноставно.

Намачкано со четката

од пола лево не е поминато

и тука пола лево не е поминато

Поминат цел браник и долните пластики кај магленките
Откако го оставив да поседи половина час го пребришав со крпа


тоа што остана на четката ги зашлакав и гумите иако се стари само еден месец ама некако ич сјај на ново ми немаат ваљда дека лепат многу прашина од средството кое го ставаат по пералниве...

Пластиките на вратите ги оставив бидејќи решив да ги вадам и фарбам со спрејот на Ренцо кој го купив денес од Хубо

Се почастив и со течниот восок и чистачот за инјекторите.