Да, за Астрата е, не дека е за полирање, ама има некои ситни зачетоци на холограми, посебно ги приметувам ноќно време под уличните светилки - најмногу на хаубата и кровот, па сакам да се обидам да ги отстранам, додека не се рашириле премногу. Како и да е, за речиси пет години, нула е тоа, и баш затоа мислам дека на рака ќе излезат.
Идам на глинирање, од очигледни причини, полирање - кажав зошто, плус дополнителен сјај и восоцирање, за заштита и сјај. Во тој редослед.
Затоа сакав консултации со TE-EN, ако е можно. Најдов (по се изгледа) добра политура..

.. а сакав и да прашам дали може и двата восоци да ги лупнам едно врз друго (+ПТФЕ и тврдиот) и каков би бил резултатот, прво за сјајот, пошто за заштитата ми е горе-доле јасна дека ми е обезбедена.