Новите коли, веќе имаат сите поцинкувана каросерија, и нема потреба од еден тон хемија и заштита во самата боја како пред 10-15 години.
Боите што се користат кај поновите возила се на водена база наместо на нитро и се многу поеколошки при процесот на производство.
Слојот кој што се нанесува при фарбање у фабрика е доволен да може нормален корисник да си ја третира со полирање каросеријата како и сите стари возила.
Ако се "меки" боите и нечинат нема да дава никој гаранција од 5,6,7 и плус годнини од фабрика.
Кој пробал да полира лак на понов Мерцедес, Бмв, Ауди, Волксваген знае колку се "меки".
Напротив, поновите возила имаат заштита која што има висока УВ отпорност, која е многу подобра од било што од порано.
Единствената заштеда што производителот може да ја направи кај возилата од не-премиум програмата е нефарбање на делот во гепекот или под хаубата. Однадвор, каросеријата е одлично заштитена кај сите нови возила почнувајќи од Дачија до Мајбах.