Синтетичкиот восок може да оди во комбинација како guard на предходниот тврд восок но за тоа треба да биде целосно сув пред да се избрише првиот тврд восок,тоа значи да се одработи најдобро што може постапката сушење и бришење на восокот,пожелно е два пати добро да се избрише и да бидеме сигурни дека на допир со прст нема да останат отисоци од прстот,тогаш е потполно легнат и осушен восокот,потоа може да се премине на друг восок,полесно е да се нанесе како втор или трет слој тврд восок одколку синтетички,бидеќи предходно мора до крај да се испоштува процедурата која ја објаснив предходно,синтетичкиот восок е добар заштитник на тврдите восоци и го подигнува сјајот и длабочината на лакот за степен два повеќе,TW ice-от е иновативен производ,но во случај како твојот кога докрај не е испоштувана процедурата или неправилна од почеток,се јавува контра ефект,или marring или swirls marks или масни даги кои кои се како флеки на лакот,после добро миење на автомобилот,направи раствор 50/50 од медицински алхохол,пребриши ја цела кола со тоа,добро пребриши да не остануваат бели линии,се додека лакот не почне да цвили при лизгање на раката по лакот,потоа така добро припремена површина е спремна за восоцирање,најважно е да го запазиш правилото на нанесување’’малку е многу“,оставаш да се осуши ,преминуваш со прстот по восоцираната површина да провериш дали восокот се осушил,ако се размачкува значи не е сува,ако се избрише без да се размачка,површината е спремна за бришење,понатаму следија горе опишаната постапка ако сакаш да ставиш guard на восокот и да го подигнеш сјајот со синтетичкиот восок,ако сето ова ти е тешко и одзема време а ти го немаш,во тој случај ќе биде доволно после миење еден слој синтетички восок,кој се нанесува за 5 мин,и се чека да се осуши 15мин,се пребришува со чиста и мека мф крпа.