За рачно колку да добие сјај и да трае 1-2 перења, да. Скутерот ми е рачно полиран со такво и тестирано ми е на црна кола со оштетен лак.
Edit: Најдобро е некој професионално да ја среди. Јас планирав да ја поминам во 1 чекор и тоа ќе ме кошташе 3500 денари (треба да купам глина со лубрикант 1200 ден + средство за хемиска деконтаминација грубо околу 1000 денари и Sonax Perfect Finish од 250мл. околу 1100 денари и восок 300-500 денари и тоа иди 3500 денари), а може да направам штета од 200€, додека со ТЕ-ЕН се договорив за сума од 6000 да ја исполира целосно (би требало да стави и восок), а сигурно сам нема да ја средам како ТЕ-ЕН што може да ја среди и глината нема никогаш да ја искористам бидејќи имам страв да не направма swirls(не ме бива за нежни работи). Ако веќе сакаш да учиш да полираш муабетот е друг.