Ух ме најде во „небрано“

До пред некоја година, сонакс користев на стилото доста често, обавезно на пролет и на есен, а и успут барем еднаш. Ја перев кај стигнам, понекогаш и сам во двор. Стилото и денес е одлично со бојата, иако некои форумџии приметија дека е за полирање, ама прљаво беше кога го гледаа, денес видов дека е се` ок со бојата, ќе биде освежена

Алфата откако ја земав и` бапнав еден Сонакс нано, лани, и после пред зимата уште еден. Денес фатив тоа Арексон-от, викам ај, карнауба има, според упатството нема многу вакс-он вакс-оф, американ нинџа стајл

Па ај да го пробам...... Ме стемни ама првичните резултати не ме фасцинираа, ќе ја видам утре на сонце, па ќе ја корегирам. Од време на време во Wash Fabrik и` ударам по едно 200-денарско перење со восок, ок е за 2-3 недели, ама не е ко` дома кога ќе си ја светнеш, дома светната доста подолго трае