Еве јас како размислувам.
Мене ми треба кола со поголем багаж за патување од 159 седан. 159 нема нешто голем бага 455л.
Јас немам куче, не ни планирам да имам. Не планирам да товарам било што во кола. Ете се шири фамилија, па да имаме троа поголем багаж.
Воопшто не ми смета праг или неправилна форма на багажот. Како шо спомна Дени, дури и ми годи тоа. Повеќе место за ситници. Јас така се паковам. Има луѓе што се пакуваат во 2 огромни коцкасти куфери и ги бери само во меѓуградски автобус.
Има поента и предност се што Велештрумф наброја, ама не е пресудно.
Тоа значи дека ако пежо 307/407 караван има правилна форма на багажник и нема праг, дека е подобар избор од алфа 159 караван.
Јас би избрал 159, затоа што не сакам да го гледам пежото паркирано на паркинг.
Иначе со 147 преселувам стан веќе 3 пати, така да......... брка работа и тоа. Можи повеќе од 159 седан.
