Нема поента, ако си молер, па мора да ги креваш 20 литарските канти преку високото прагче. Или достављач по пиљари, па ти е битно коцкаст да биде влезот за да можеш 10 пакети персил да стаиш. Ако си обичен корисник на возила ко што сме сите повеќето ние, не е трагично. Ја добиваш практичноста на хеч, со солидно голем простор во гепек.
Абе ради инат, сол нема да остане по маркетиве...
Поентата на караванот е да имаш зголемена функционалност во однос на хеч или седан.
Не мора да си пиљар или молер за да има поента караванот. Пробај стави телевизор или некој поголем уред во багажник со неправилен отвор. Не е сеедно колку треба да подигнеш кеси од пазарење или детска количка за да ја ставиш во багажник. Не е сеедно, доколку имаш куче, дали кучето ќе го го одере браникот и околината, пошто е висок работ, или ќе може послободно да влезе во багажник.
Нема поента како караван. Ако требало да биде хеч, требало да ја направат и именуваат како хеч, а не како караван.
А бе да немаше толку поента, алфа немаше ни да го напраи. Него ај.. ја изедовме солта неколку пати..
Телевизор ставам еднаш у деценија, може ќе се погоди да имам караван тогаш, можда ќе ми го донесат со комбе од Техномаркет, не знам.
Детска количка ставав во 166-ката, во Стилото, во 159-ката, сите имаат висок праг, и многу потесен отвор од било кој караван на светов.
Куче неам, ама сигурен сум дека лесно и со него ќе поминам, не е прагот еден метар разлика во однос на тие со флет лоуд е*аго, па да треба препони да рипа кучето.
Ако си го „сместиш“ мајндсетот во соодветниот сетап на кола, нема да имаш пречки. Секако, може да кажеме дека и твојот караван е непрактичен во однос на Doblo, пошто нели не може цела палета да собере, па коа ќе купиш комплет машина и сушара, ќе мора една по една да ги носиш до дома...