Мене стварно не ми е јасно што толку сите се напнавте да одговарате на една слика од ВЊ со заштитната маска на АР. Кој што сака нека си вози и тоа е тоа.
Ако глобалата претпочита еден ист дизајн кај 4 брендови, нека прават така. Што има сеа да се докажуваме кој е кој ... И милион откритија за местенки да има, џабе е ... квантитетот на возилата го одредуваат глобалното размислување. Во случајов тоа се ВЊ и Тојота.
Само една работа не сфаќам, ќе видам некој со Голф како му стаил различни бандажи, фолии, светлосни групи, ауспуси, спирали итн... а за што? Демек поразличен бил неговиот Голф? Ме потсетува на моментот во Мадагаскар 2 кога Марти дознава дека не била единствената зебра .... Што и да се направи тоа пак ќе биде Голф. Истата кола како и милиони други. Кола што ќе има основна цел да служи како превозно средство.
Реалноста е таа, милиони произведени единици, каде што деловите се поефтини заради обемот на производство, сите тие сопственици нема да речат „не сум задоволен од мојата кола“ ... германските фабрики сигурно нема деловите за италијанските, француските коли да бидат со иста маржа како и домашните, секогаш преовладувал национализмот ... примери за ова има милион.
Германските концерни си го сфатиле тоа, направиле стратегија за продажба и ден-денес ги жнеат плодовите. Економската криза само им помогна да си го забрзаат планот. Ако приметувате французите едвај врзуваат крај со крај, моделите тотално имаат изгубено од нивниот „француски“ стил, италијаниве како по обичај незнаат што сакаат, јапонциве мака мачат со корејците итн ...
На оваа тема може да се дискутира (нормално со соодветни луѓе) со саати. Едноставно и ВЊ да го преземе АР, тоа е тоа, им се може, опстанок јбг. Дефинитивно бараат малку боја во сивилото. Ме потсетува на мобилните, требаше да дојде Нокиа за да сфатиме дека може мобилниот да има друга боја освен црна бела и сива. Може тоа е најдобро, Тони ќе црта дизајн а Клаус нека прави контола на квалитет.