Ауу, мислев да пишам, ама заборавив. Самиот мотор, знае да има проблеми со ланчето, типично тропкање на старт, груба работа. Не е нешто што ќе те остави на пат, ама пожелно е да се смени. Имаше некој апдејт на софтвер за да се реши „дупка“ во забрзување при ниски вртежи. Прилично издржлив мотор, без големи проблеми и тешки хаварии.
Плин.. пољацине бутаат некои стаг-ови, ја не би.. колата има здрави 180-тина кс, добар филинг при возење, бољи звук од мојот TBi мотор, сака да се заврти во
високи вртежи, трпи ремап со солидно подобрување на торк кривата, без големи придобивки во крајната снага (но сепак, се доближува до 200), ова ако е некому битно..Потрошњата е малце така.. поголема, троши повеќе од TBi, што е прилично поразително. Сепак е 2.2 литри бензинец мотор, не може да очекуваме под 10 да троши у град.
Што се однесува до опремата, Progression е прво ниво на опрема, Distinctive е второ од тоа време (пред фејслифт), трето беше Exclusive и последно Ti.
После фејслифт (ако не и покасно, 2009-10), опремата е Turismo, Turismo Sport, Lusso и Ti ми се чини.
Distinctive за разлика од Progression има многу повеќе опремал. Прво и најосновно, стандардно оди со alfatex микрофибер седишта, понатаму има стандардно централна конзола од алуминиум, не од пластика, команди на волан, повеќе електики насекаде, мислам стандард 17-ки бандаши, паркинг сензори, и слични работи, мада, опремата кај алфа е доста „шаренолика“, може да налеташ на прогрешн со многу додатна опрема, исто така.