Каталошките цени на моделите се следните, Црвената е 44.900 Еу, Плавата 52.000. Плавата е со 18 бандажи(255 назад, 225 напред), навигација, аутоматик, ксенон, фул кожа, радарски темпомат, HK озвучување, камера за рикверц. Црвената нема ни ксенон така да не ни прашував понатаму.
Настрана од тоа, ми се допаѓа како изгледа колата. Во живо е подобра од слики, седиштата изгледаат добри. Три се донесени, има и уште една црвена со ксенон ама незнам друго за таа ништо. Ниедна од нив не е продадена така да може да се земат. Од пријател во салонт дознав дека ќе се дава добар попуст за моделите што се на лагер.