Треба да се види во каква состојба е колата. Ако имаш пари да ја одржуваш како што треба, одлично ауто е што пружа многу задоволство на долги патувања.
Околу одржувањето, иако најмногу пари треба да се одвојат - најисплатливо е со оригинални делови, поготово за подвозјето.
Колку што може да видам не е Ti опрема иако има Ti бандаши, има афтермаркет заден лонец, и спуштено подвозје (затоа треба екстра внимание да се обрати на подвозјето).
Треба да се види целокупната електроника како функционира, од централно заклучување, ел. прозори, седишта, ксенон светлата какви се итн..
Моторот и менувачот не би требало да имаат некои поголеми проблеми, освен ако не се ептен „заклани“ и со голема километража (искрено мислам дека има поминато повеќе од 160.000 колава, треба да се провери состојбата).
Во секој случај, се` зависи од тоа колку пари имаш за одржување. Гуми 235/40/18 не се ефтини (без 500е не си и за нексен гуми), сет предни плочки за брембо шепи не се ефтини (преку 100е за подобрите), сет асални некинески ксенон сијалички не се ефтини (преку 150е за пар), предни горни ТРВ вилушки се преку 160е за пар, долни преку 350е за пар (од германија да ти ги донесе некој)... Сервис уље/филтри исто така не е мала ставка, со оглед на тоа дека 2.4 собира бајаги уље....