Некој да ми каже у кратки (или не толку кратки) црти, која е разликата меѓу „регуларна“ 159ка и TI изведба?
Хипотетички, доколку се земе регуларна, колку би требало да се вложи за да се стигне до TI, доколку е тешко да се најде фабричка TI?
Зависи што сакаш да „Тi“-изираш. Ако ти е само за надворешен изглед, тогаш
- Тi 19" бандаши,
- Ti страничин прагови (автермаркет, пошто оригиналните потешко ќе ги прилагодиш на не Ti поради местата за прицврстување),
- Тi знакчиња,
- Ti пружини (ја би идел со Eibach, визуелната разлика е минимална, и поизедначено ги спушта предниот и задниот дел),
- Ti црвени предни Brembo шепи, и црвени задни шепи
- Капаци на ретровизорите во сребрена боја (има Ti и без овие, колку што знам)
- Хромиран украс на ауспухот.

Ако сакаш внатрешниот дел да го „Тi“ изираш, малку потешко е, бидејќи ти треба:
-
Ti волан и рачка на менувач со црвени конци,
-
Тi алу педаљи и одмарач за нога,
-
Ti Седишта со црвено лого на нив и црвени шавови (обично црни кожни, може крем кожа, а во последните верзии и без кожа),
-
Тi инструмент табла ако е колата пред 2008,
-
Ti инструментчиња во централната конзола,
-
Тi kick plates (алу лајсни на прагчињата од вратите)
Исто така ако сакаш да тргнеш да Ti-изираш некоја алфа, веројатно најдобро е да биде по facelift 2008, со Lusso опрема, затоа што обично има исто или повеќе опрема од Ti, која опфаќа: електрично преклопиви надворешни ретровизори, круз контрол, електрохроматски внатрешен ретровизор, сензори за темница, дожд, обично и ксенон фарови и навигација, греени седишта, како и Bosse озвучување и ред други работи кои не ми текнуваат...