Уште да не постави подобро време од 2 години стара кола со 90 коња помалку.
Како и да е, стварно импресивно време. Алфа сака да се врати меѓу великаните. Ентериерот многу ми е погоден, освен долниот дел на воланот што некако ми е чуден на слики.
Објективност левел скај-хај. Сите коли околу Џулија се расни супер-автомобили со цени неколку пати повисоки, и со појаки мотори. Некои дури и со 30%. Затоа и пишав неколку страни наназад дека ова е дело на фасцинантна суспензија, а наредниот ден од видеото од презентацијата се потврди. Патентирани механички решенија кои навистина ги оправдаа најавите на инженерите и шефовите на развој. Реткост во денешно време кога сите компании одат по најлесниот пат, со лаптоп во рака
Ниту еден од овие набројани нема мотор помал од 3,6л. Зондата е со 7.0л мотор. Дури освен Поршето нема ни В6.
458 Италија - 570 коња, 540Нм.
Лексус ЛФА - 4.8л, 560коња
911 Турбо - 520 или 530 коња( незнам дали е 4џ4)
Ф430 Скудериа - 510 коња
Мурсиелаго ЛП 640 - секунда поспоро со 640 коња и 4џ4
Мурсиелаго ЛП 670 СВ - 670 коња 3 секунди поспоро и 4џ4
СЛР Мекларен - секунда поспор, 630 коња(800Нм)
СЛС АМГ - исто секунда позади, 570 коња
Галардо ЛП570 Суперлеџера - скоро 2 секунди поспоро со 550(570) коња, и 4џ4.
Корвета ЗР1 650коња и Камарло ЗЛ1 580 коња( Best driver's car за минатата год на америте)
Ауди Р8 В10 - 530 коња 5 секунди поспоро
Пагани Зонда С - 550 коња 5 секунди поспоро
599 ГТБ Фиорано - 620 коња 8 секунди.
Сите овие се коли дизајнирани за брзо возење, за повремено акање по стаза итн.
ЕДИТ: Од друга страна Ц63 Амг С е преку 8 минути со 510 коња. Би сакал да знам време на М3 бидејќи М4 сепак е купе.
ЕДИТ2: Ги листам коливе со 4 врати, најблиску е Бмв М5 Ф10 (560коња) со 26 секунди поспоро време и до него Панамера Турбо(500коња) со секунда повеќе. Сите други автомобили со 4 врати се над границата од 8 минути.
Бреј, до кај стигнале Мустанзиве кои до лани ги биваше само за правец...

Секунда и пол поспоро од 458, а побрзо од Мурчелаго
