Сите имаат промашени модели. Кај Jaguar тоа е X-Type, што е Мондео во фино одело. Не дека е лоша колата, ама не е тоа што Jaguar би требало да биде. V6 моделот го бива.
Од друга страна, и Alfa има промашени модели. Од таа колаборацијата со Nissan (ноќна мора) до некои верзии на Alfasud. Субјективно, не ми се свиѓа ни сегашниот дизајнерски јазик на Alfa Romeo (ама тоа веќе сум го кажал мал милион пати). Дизајнерската насока што ја почнаа (и завршија) со 159 / Brera сега за сега е насоката кон која што требаше да се ориентираат.
Грешката ја направија со 8C. Пре-пре-преубава кола. Грешката беше што тој дизајн пробаа да го „преведат“ во нормални, цивилни коли. Didn't work.