Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
100 K za voa? Nikad a mozda ni tad ! Za 100 K se kupuvaat mnogu seriozni avtomobili!
Ногу спорцка брат!
Алијансата Fiat Chrysler Automobiles планира инвестиции од 5 милијарди евра во брендот Alfa Romeo. Ова е една од најзначајните точки во 5-годишниот план кој го објави првиот човек на на алијансата, Серџио Маркионе.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Парите ќе бидат искористени за проширување на моделната гама на италијанскиот производител. Предвидено е лансирање на 8 нови модели, а сите тие ќе се произведуваат во Италија на новата платформа Giorgio, која е наменета за возила со заден пренос или на сите четири тркала. Шасија може да се користи како од компактни возила, така и од кросовери.Благодарение на проширувањето на моделната гама во Alfa Romeo очекуваат да достигнат годишен обем на продажба од 400.000 возила. Во 2013 година резултатот на италијанскиот производител беше едвај 74.000 единици.Маркионе сепак не откри детали за најновите модели. Се знае само дека еден од нив ќе биде готов до крајот на 2015 година, а останатите во периодот 2016 – 2018 година. Од моделите кој во моментов се дел од гамата ќе отпадне MiTO, а Giulietta при смената на генерациите ќе добие заден пренос и ќе се нуди како седан, кој на пазарот ќе конкурира на Mercedes- Benz CLA.Ќе има и седан со средни димензии, кој најверојатно ќе се вика Giulia. Истото име ќе го добие и караван верзијата на овој модел. Во плановите на Италијанците е и голем премиум – седан, кој ќе конкурира на BMW 6 – Series, кросовер – поголем од BMW X3, но помал од BMW X5, како и уште еден кросовер со големи димензии.Топ моделите на Alfa Romeo ќе добијат мотори од Ferrari. За останатите се предвидени 4 -цилиндрични бензински мотори со моќност од 110 до 330 КС и 4 -цилиндрични дизел – од 110 до 210 КС. Најмоќните дизел мотори со 6 цилиндри ќе имаат помеѓу 250 и 350 КС, а бензинските помеѓу 400 и 500 КС.LosiPatista