Правилно те сваќам и јас истото го барам од тебе. Дај конкретни бројки. Тоа што го прикажа како податок е апсолутно некорисно и од тоа неможе да се извлече конкретен заклучок.
1) 56,86% повеќе од 0 е повторно 0. Затоа за да имаме релна слика треба да ни кажеш апсолутни вредности (колична, а не проценти)
2) Наведи го изворот од каде црпиш податоци така што ќе знаеме дали податоците се веродостојни и можеби ќе извлечеме и некои други корисни податоци
3) Еден од нај-јаките удари на светската економска криза - рецесијата го прими авто-индустријата. Последиците од неа беа најизразениво 2010. Продажбата на автомобили во 2009 и 2011 беа општо многу подобри во одонос на 2010.
4) Продажбата на автомобили во Европа од само една година не е доволен податок за да се оформи слика за тоа колку некој бренд е посакуван. Според мене минимум за тоа би бил една декада, т.е. последните 10 години.
5) Мојот став, ако го прочита, е дека во поново време квалитетот на Алфа е подобрен. Значи овде немаме спротиставени ставови, освен ако не мислиш дека е влошен во однос на моделите постари од 10 години.
6) Ако сакаш факти, почни да ги бараш од гугл. На пример побарај листа од најдоверливи автомобили произведени во изминативе 10 години:
http://lmgtfy.com/?q=most+reliable+vehicles+of+the+last+decade. Кажи дали во некоја од Top 10 статистиките имаше друго возило освен Јапонско?
Дали во некоја од статистиките со Top 100 имаше помалку од 50 јапонски возила? Во колку Top 100 статистики најде возило од Алфа Ромео и во колку од оние кои ги најде имаше повеќе од 1 Алфа?
Потоа барај ги по сервиси и од непристрасни паталци кои не се слепо заљубени во Алфа.