Тепаат кој нејќе. Цените што ги имаат на интернет немаат врска со цените во салон.
И уште еднаш ќе кажам дека услугата во Алфа Ромео салонот е најлошата со која некогаш сум се соочил. Кога пред 3 месеци гледав кола, моето патешествие беше следното:
1. Влези во комплексот.
2. Заврти низ комплексот барајќи паркинг.
3. Паркинг!
4. Влези во Алфа Ромео салонот.
5. Добар ден, да прашам некого за Џулиета?
6. Оди во Фиат, прашај таму.
7. Хм.. Океј. Одам до Фиат.
8. Добар ден, да прашам некого за Џулиета?
9. Македонски продавач се понаша ко Италијански пастув ала Роко Зифреди - Дечко, па оди прашај во Алфа Ромео.
10. Таму бев, ме пратија тука.
11. Аха, чекај, сеа, да се јавам. Се јавува. Оди во Алфа Ромео, таму е човекот.
12. Одам пак во Алфа Ромео.
13. Ме пречекува средновечен човек кој изгледаше како само што го разбудиле.
14. Добар ден, Џулиета?
15. Аха, да, еве има.. Види.
16. Цени?
17. Еве ти ценовник.
18. Тест возило?
19. Нема.
20. А оние надвор, пред салон, регистрираните?
21. Нема.
Фала, пријатно.