едно искуство од братучедот што има донесено повеке од 300 возила од бг НЕ КУПУВАЈТЕ КОЛИ ОД ДУПНИЦА НАЈГОЛЕМИТЕ ЃУБРИЊА СЕ ВО ДУПНИЦА прво бугарот ке ти го спушти полото не повеке од 200 лева во превод 4700 лева второ нема да ти го запали додека не се договорите за цената, трето ако ти го запали нема да имаш можност да го пробаш затоа што има обавезно џандари кога ке излезеш од плацот а полото нема никакви табли ни бг ни цол... да речеме дека е добро и дека ке го земеш Бугарот ке те остави сам да си бркаш за цол таблици кои коштаат околу 110 евра а не се вадат за еден ден.. мораш да платиш хотел во старт, на излегување на граница МОРАШ да им пуштиш на двајцата бугари по 20 евра ако сакаш да поминеш полесно да не те замараат... значи направи есап и ке ти излезе вака 2300 колата, 110 евра цол таблите, патот што ке одиш до дупница ке те кошта 35 евра ако одиш со твој човек, хотелот 40 евра, на полото нафта 20 евра винетка 5 евра, граница 20 евра, царина 400 евра минимум, шпедиција 50 евра, тив и хомологација 110 евра, превод на документи 20 евра, регистрација со таблици 200 евра и рачунај 2300+110+35+40+25+20+400+50+110+20+200 = 3300 евра со можност за додатни непредвидени трошоци