Штом ги ставиле тркалата на балансерка, балансирање е, без разлика што прошле без тегови
Разлика во балансот постои и кај нови гуми. Лесно е кога имаш гуми од 4-5 кг, во димензии 155/65/14 или слични. Ама кога гумата се прави во димензии од 18 или19“ и самата тежи 9-10кг, центрифугалните сили при 140-50 на саат, лесно прават од неколку грами дисбаланс - неколку килограми. Затоа и новопроизведените гуми имаат маркери кои кажуваат кој е најтешкиот дел на гумата. Некогаш и нови бандаши имаат такви маркери. Тоа е за да полесно се доведе тркалото во балансирана состојба. Потоа пак се става на балансерка, да не е потребно дополнително балансирање.
Еве на линкот убаво се опишани маркерите во делот "Tire Markings: A Question of balance":
http://www.joesshowroom.com/store/tires_sidewall.phpТака да, нема такво нешто како што е „нова гума не се балансира и мора да биде 0“. Не мора. Да беше светот перфектен, барем во F1 немаше да користат балансирање.
И да, прифаќам, до 80-90км на час, може да поминеш и без балансирање.
Ама со поголеми брзини сигурно ќе се јави тресење при некоја брзина, можеби на 120-130, можеби на 170... зависи....