Автор Тема: Средување на бандажи  (Прочитано 203207 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Средување на бандажи
« на: 14 Април 2013, 21:20:41 pm »
Со брат ми (bramovsk) пред две недели земавме едни бандаши, доста забаталени, ама солидна цена а и добар модел.  Решивме да се зафатиме со нивно средување. Пат до Гостивар по бандашите, таму на лице место видовме дека не им фалат големи парчиња (ивиците искрзани, ама се трпи) и решивме да ги земеме.

Потребен алат:
1. Демол (некој купен во недела во 18.30 од Мр. Бриколаж, а се погоди добар, квалитетен)
2. Шмиргла 200-ка, 500-ка, 1000ка (оваа последнава за корекции на бојата и лакот, ако капне, подлие и сл.)
3. Прајмер за метал и алуминиум (RenCo сив)
4. Боја за бандаши (Купена од Бриколаж, во боци од 600ml 50% повеќе од вообичаено). Ова не го препрорачувам, користете боци од 400ml позгодни се за манипулација, овие големиве два - три пати ми завршија со дното во бандаш..
5. Безбоен сјаен лак.  Исто толкава боца, и повторно препорачувам користење на помали боци, и покрај финансискта заштеда.


Bramovsk беше главен припремач (демол, шмирглање), а јас главен лакер. Еве како изгледаа на почеток:






Решивме стандардни сребрени да ги префарбаме. Тоа значеше тотално симнување на сегашната црна боја, која беше нанесена во 3-4 слоеви и со шмирглање немаше шанси да се стокми, па заигра демолче. Секоја чест на тој што го измислил ова средство. На втората слика се веќе премачкани со демол.

Почнавме дел по дел да ја тргаме бојата:







Тука веќе бевме сигурни дека бандашот си вреди, Се надѕираат буквите SPEEDLINE на едниот крак:




И стигнавме до некој ваков  резултат:





Потоа следеше шмирглање со груба шмиргла (200 мислам дека беше), за да дојдеме до овој резултат:





Потоа следеше пребришување со нитро разредувач и чисто крпче, и прскање со прајмер. Тука направив грешка, само една рака прајмер удрив, може требаше две.. (сакав малку и како филер/шприц кит да го искористам, па подобро ќе поминев со 2 раце, ама пуста мрза..)









Потоа, удрив една мокра петстотка врз прајмерот, да се израмнат малите нерамнини и им бапнав прв слој боја за бандаш:





и втор слој боја:






И на крај лакче (не се познава баш на сликиве, ама го има..) :)









Разлика - ден и ноќ :


   


Успут, бандашите си добија исправање (пред фарбањето), а ги чека уште мало средување на внатрешниот дел, ширење на централниот отвор на дребонг и ставање гумичиња и монтажа на кола. Кога ќе бидат монтирани - ќе апдејтувам тука како ги личи на кола! :)

Ова беше добра вежба пред да ги средам моите црни на стилото :) Таму ќе пробам да применам друга тактика, но за тоа потоа.

Конечно, еве ги и на кола:



« Последно менување: 26 Април 2013, 02:45:37 am Simo - Carrier166 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16713
  • Keep it 100
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #1 на: 14 Април 2013, 21:24:00 pm »
Сложни браќа куќа градат, а после тоа и бандажи фарбаат ;D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #2 на: 14 Април 2013, 21:25:06 pm »
Иха, огрооомна разлика, дури зачудувачко. Браво!

Одлична тема, оде стики!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #3 на: 14 Април 2013, 21:29:06 pm »
Сложни браќа куќа градат, а после тоа и бандажи фарбаат ;D
Сложни браќа куќа градат,










Несложни две.

п.С. Вака од слики, личи како да би дошле убаво уште 5,6 раце лак? Или грешам?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3868
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #4 на: 14 Април 2013, 21:32:58 pm »
Јас појма немав дека се speedline, а и на огласот стоеше „не се кинеки“ и „ги возам на авео“. Беа добра алтернатива за челичните, барем по цена. Со малце повеќе трпение и посветеност може да изгледаат идеално. Ама так па ќе ти биде жал за секоја грепка. Знаејки кој ќе ги вози и ова им е премногу.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #5 на: 14 Април 2013, 21:35:32 pm »
Многу ме интересира која цена ги земавте, ако е можно да добијам по ПП.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11737
  • Архитект
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #6 на: 14 Април 2013, 21:37:17 pm »
Браво симо - брамовски.

А на која кола ќе одат овие?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16713
  • Keep it 100
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #7 на: 14 Април 2013, 21:38:24 pm »
Нејќеш да знаеш :D

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #8 на: 14 Април 2013, 21:40:42 pm »
Gi znam bandazite :)

Ubavo ste gi doterale, za merak, bravo !


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #9 на: 14 Април 2013, 21:41:29 pm »
Не се сомневам дека ти ги знаеш банддашите, ко` регистер на бандаши во државава си ;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3868
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #10 на: 14 Април 2013, 21:42:30 pm »
Gi znam bandazite :)

Ubavo ste gi doterale, za merak, bravo !



Да не знаеш колку km имаат поминато ? :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7796
  • Плинаш!!!
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #11 на: 14 Април 2013, 21:42:51 pm »
Одличен бандаш, а и мераклиски средени.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #12 на: 14 Април 2013, 21:43:43 pm »
Na sto kola ke se vozat ?
Ili biznis ?


Moze i po PP.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #13 на: 14 Април 2013, 21:43:48 pm »
Плус, импресивно е што се 15х7.5!

Таман гумите да добијат малку стреч! :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Средување на бандажи
« Одговори #14 на: 14 Април 2013, 21:45:26 pm »
Гумите се 195/55 или 195/50 не сум баш сигурен, ама добро ќе дојдат.

Rakun4e за возење се земени, да не мењаме летни/зимски на едно возило у фамилија  - ќе го видите ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.