Автор Тема: Совет за кола до 5 000  (Прочитано 25815 пати)

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #60 на: 16 Април 2013, 21:26:34 pm »
stef

Неколку важни прашања кои сите ги запоставуваме.

Колку време планираш да ја чуваш колата?
Колку ти е важно една кола да е технички што е можно подобро исправна?
Колку пари си спремен да одвојуваш за колата за одржување?
Дали дефинитивно остануваш на дизел варијанта и покрај ефтината цена на плинот од 36 ден?
Која класа на кола сакаш, дали хеџбег лимузина караван СУВ итн....
ова за почеток само ...



Сега доаѓам дома.

Ајде ќе полнам од почеток

Во наредни 4-5 години сигурно ќе ја возам јас редовно. После што и како ќе биде, незнам.
За технички исправна, мислам дека тоа на секој му е приоритет при купување кола. Џабе ти е здрава шасија, ако има канта мотор.
За одржување ствварно незнам да ти кажам колку и како. Колку ќе си бара, толку. Нели, доколку има поефинин сервис, тоа е плус.
За дизел не сум решен 100%, но плин некако не сакам. Можеби треба со некој што вози да ме разубеди.
А тип на кола, хечбек и лимузина сакам. (Астрата лимузина спаѓа?)

Ете тоа е за сега :) Фала ти на заинтересираноста да помогнеш

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #61 на: 16 Април 2013, 22:11:49 pm »
кога последен пат си се возел во кола на плин ?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #62 на: 16 Април 2013, 22:25:50 pm »
а бе и јас сум исто.... знам дека ништо нема да се деси од плинот ама ете душата не ми дава. Сепак сакам да се осеќам мирно во колата... плинот не ми го дава тоа чувство

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #63 на: 16 Април 2013, 22:30:27 pm »
а бе и јас сум исто.... знам дека ништо нема да се деси од плинот ама ете душата не ми дава. Сепак сакам да се осеќам мирно во колата... плинот не ми го дава тоа чувство

Ете така, најубаво знаеш :)

кога последен пат си се возел во кола на плин ?

Авто школа :) Пред година, година ипол.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #64 на: 16 Април 2013, 22:32:38 pm »
некое тико со плочка плин ?
или некое посолидно ауто со дизна плин?

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #65 на: 16 Април 2013, 22:39:12 pm »

За дизел не сум решен 100%, но плин некако не сакам. Можеби треба со некој што вози да ме разубеди.
А тип на кола, хечбек и лимузина сакам. (Астрата лимузина спаѓа?)

Имаш Астра Шечбек и Седан. еве ти слики од хечбек:



и од седан/ лимузина, како што ја викаш:


Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 520
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #66 на: 16 Април 2013, 22:46:36 pm »
Мислам дека ваква астра нема да му се свиѓа.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #67 на: 16 Април 2013, 22:57:30 pm »
Има и од поновите после 2004 година да земе за тие пари.Ова беше само колку да има претстава како изгледаат двете варијанти. :)

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 520
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #68 на: 16 Април 2013, 23:04:54 pm »
@stef_stef Еве добра понуда:

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=753883


Треба да пробаш малце да повозиш кола со плин.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #69 на: 16 Април 2013, 23:49:53 pm »
^^ Добра понуда. :)

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #70 на: 17 Април 2013, 01:27:31 am »
Возев kia picanto на плин тогаш.

Инаку да, супер понуда изгледа астрата.

Може некој вака на кратко да ми каже што недостатоци плинот? Знам за предност, мислам само цената е, така?

Еј, и ова, не ми се баш допаќа таа астра класик. Би била и она во избор, но нема приоритет

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #71 на: 17 Април 2013, 01:33:20 am »
Може некој вака на кратко да ми каже што недостатоци плинот? Знам за предност, мислам само цената е, така?

Предности:

- поефтино гориво и од дизелот и од бензинот по литар.
- помало абење на моторот, затоа што плинот е чисто гориво, т.е по согорувањето во моторот остаток е водена пареа.
- Секогаш имаш избор дали бензин дали плин. Те дели само едно копче. :)

Недостатоци:

- за 10%  поголема потрошувачка или +1 литар повеќе од моменталната потрошувачка на бензин. (не е недостаток, ама ајде)
- Скоро занемарливи губење на перформанси со новиве плински уреди.
- Зимно време, можно е да дојде до мрзнење на расплињачата.
- Помало место во багажниот простор, поради боцата што стои во гепекот.

Тоа би било. :)

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #72 на: 17 Април 2013, 01:36:35 am »
Може некој вака на кратко да ми каже што недостатоци плинот? Знам за предност, мислам само цената е, така?

Предности:

- поефтино гориво и од дизелот и од бензинот по литар.
- помало абење на моторот, затоа што плинот е чисто гориво, т.е по согорувањето во моторот остаток е водена пареа.
- Секогаш имаш избор дали бензин дали плин. Те дели само едно копче. :)

Недостатоци:

- за 10%  поголема потрошувачка или +1 литар повеќе од моменталната потрошувачка на бензин. (не е недостаток, ама ајде)
- Скоро занемарливи губење на перформанси со новиве плински уреди.
- Зимно време, можно е да дојде до мрзнење на расплињачата.
- Помало место во багажниот простор, поради боцата што стои во гепекот.

Тоа би било. :)

А што праиме со тие боци за кај резервната? Зашто на таква мала кола, фали уште да ја осакатам со боца од плин и комотно да има место само за едни патики

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #73 на: 17 Април 2013, 01:43:11 am »
Ништо..Имаш и такви боци, НО сметај дека резервното тркало треба да ти стои во гепек секако..Секако тоа место за боцата, ке биде заземено така или онака.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Совет за кола до 5 000
« Одговори #74 на: 17 Април 2013, 01:49:57 am »
имаш коли со огромни ѓепеци за овие пари каде што боцата би зафаќала 1/5 од багажен простор

а резервно тркало за низ град не ти треба,само за на отворено треба да го имаш во план да го туриш во ѓепек

најбитната предност на плинот е што возиш за ефтини пари а немаш скапи поправки,што не е случај кај половен дизел :)

што да речеме една турбина кошта од 500 евра па нагоре,кај бензинец за 500 евра ќе го направиш најголемиот сервис на светот