Здраво дечки,
Прв пост, но маката

ме натера навака. Немам некое големо искуство со коли, а во план ми е нова (половна) кола за мене. Буџетот е да речеме до кај 4500, но еве и 5 000 би било ок за некоја солидна.
Прво нешто што ме интерсира, ваш совет за моторот. Дизел или бензинец? До сега сум возел само дизел, исто така моја преференција е поради малата потрошувачка. Не сум фан на плин, пред се, поради што ми потребен секој кубик во багажникот

Што се однесува на колата, што до сега ми фатиле око се бмв 320д, форд фокус (од 2006 па наваму серијата), опел астра, меган... Може има уште некоја, но во моментов не ми текнува. Не сакам многу мала кола, астра класик е нешто најмало што би возел

Па ајде да слушнам едно ваше мислење и секако ако може некоја препорака.
Уште нешто ќе заборавев. Што по вас е солидна километража? Јас на огласи не гледав ништо на 150 000.