А баш мислев дека avtozona ке нема храброст повторно да се појави на форумов. Реално, јас не бев на драгстерот, па не знам која фрустрација ја осеќате вие што сте биле, како легитимни љубители на автомобилизмот и адреналинот, ама до некаде имам претстава.
Falanga е во право за спонзорството, на погрешни врати сте чукале. Скопско, Ти-Мобајл или кој и да е од поголемите македонски компании можеше да ви приреди подобра фешта, со реклами, со штандчиња за пиво, награди во вид на бројчиња за мобилни, врвчиња за мобилен и такви глупости. Скутер за публиката по реакцииве на форумов не гледам да се доделил, така да вакви празни ветувања повторно во септември (ако се нафатите пак да организирате) ве молам во име на сите да нема.
Поздрав до avtozona, и се надевам ке те гледаме почесто, а не само кога треба да изрекламираш нешто.