Јас ги пумпам гумите на +0,1 од препораките на производителот, барем така го местам компресорот на бензинските. Ова го правам заради тоа што не верувам дека уредите за мерење на притисок на бензинските и вулканизерите се точни и баждарени, па да се анулира разлика ако таа постои, зошто веројатно ако е расипан ќе покажува помалку. Редовно ја следам потрошеноста на гумите, рамномерноста на трошењето итн.