Апаратчето отчитува онолку притосок колку што има во гумата, без разлика дали е ладна или загреана. Точно е дека кога е загреана гумата има отстапување на притисокот. На летните гуми тоа отстапување е за 0.1 бар односно загреаната гума покажува притисок поголем за 0.1 бар од ладната (измерено повеќе пати). Секогаш ми се случува да измерам притисок 2.0 на ладна гума а по возење од 15-20 минути (летно време) да покаже 2.1. Ако не дај боже нагло ти падне притисокот во гумата во тек на возење апаратчево е одличен ориентир колку треба да ја напумпаш гумата споредено со останатите три. Ништо не е совршено па така ни апаратчево но досега откако го имам посигурно се чувствувам со него отколку да се потпрам на компресорот за воздух на било која бензинска.
Ќе напоменам една случка што ми се деси лани на 31 Декември баш со притисокот во гумите и тогаш си дадов збор да го купам апаратчево. Баш на 31-ви лани во очи Нова Година менував гуми во Олимпико, ги вадев летните и купив нови зимски. Ве молам не прашувајте зашто сум чекал баш до тогаш. Ми ставија нови зимски гуми, отидов до кај братучедите да ги видам и кај 4-5 поладнето тргнав за Паланка. Надвор веќе беше стемнето, ладно у пичку метар. Кога ми ги ставија новите гуми заборавив да сетирам во бордот дека притисокот е ОК за зимски гуми. И после патарина ми се вклучи сијаличката на бордот дека притисокот не е во ред на гумите. Да го имав апаратчето со мене ќе го измерев притисокот на сите гуми, ќе утврдев дека се ОК и ќе продолжев. Арно ама јас го немав, па фино лепо си застанав на првата бензинска на Макпетрол, одма после Рафинерија кога чичко Марфи дошол пред мене и го заебал компресорот. Компресорот не работеше. Стигнав до другата бензинска на Макпетрол на самиот влез во Куманово каде што за среќа компресорот работеше. Подесив на 2.0 бари и според тоа како што беше подесен компресорот ги напумпав гумите. Го сетирав притисокот во бордот и тргнав. Таман после некои си 300-400 метри ете ти ја пак сијаличката. Отидов на бензинската Твинс Петрол, таму пак обичен компресор, не можеш дигитално да подесуваш колку сакаш. Пумпај, издишувај ми премрзнаа рацете од студ а после секое подесување на гумите според компресорот сијаличката на бордот никако да се ресетира. Си реков јас Нова Година нема да чекам на бензинска и си го фатив џадето за Паланка. Возев 80-90км/ч до Паланка. После празникот на 2-ри Јануари ако не се лажам ја однесов колата на перење и успат да ми ги проверат гумите. Сум успеал да ги напумпам на 2.6 бари според читачот на компресорот. И тогаш си реков ќе купам едно од овие апаратчиња и досега мака сум немал.