Можеби темава не соодветствува баш во овој дел, но искрено не знаев каде да ја сместам...
Имено сакам да се развие малку темава околу биодизелот. Конкретно ке добиете неколку информации од прва рака, односно што, како и зошто со него...Во принцип која е pH вредноста и некој други позитивни и негативни особини кои верувам ке ве интересираат.
Биодизелот е течно гориво добиено од обновлив извор на енергија-биомаса, воглавно од масла од растително потекло.
Обезбедува подобро палење и подобра мазивост на моторите што значи поголема ефикасност и нивна поголема трајност.
Побезбедно чување и ракување: со точка на вриење околу 150 C додека на фосилниот дизел таа е околу 70 C.
Нема потреба од пре-адаптација на моторите.
Не е потребно да се менуваат транспортните и складишните системи поради употребата на биодизел.
Намалена е емисијата на штетни гасови : CO2, CO, SO2, чад, бензол, толуол.
Биодизелот е смеша на масни кисели алкални естри добиени од растителни масла, животинска маст или рециклирани масла.Биодизелот е дефиниран како гориво кое може да се користи како чисто или во мешавина со конвенционалниот дизел за работа на дизел моторите. Префиксот “био” ни кажува дека се добива од суровини со растително потекло како што се памучното, палминото, сончогледовото, сојиното, бадемовото, кокосовото и останати растителни масла, како и суровини од животинско потекло, разни животински масти.
Имав малку можност и да експериментирам со биодизел произведен во лабараториски услови и притоа да направам неколку експериментални испитувања, меѓу кои и овие кои претпоставувам дека ке ве интересираат повеќе. На пример pH вредноста на биодизелот односно дали е со базни или кисели својства...Експериментот го повторив на двапати со две различни лакмусови хартии од различни производители за мерењето да биде веродостојно.
Од споредбата бојата на лакмусот кореспондира на вредност помеѓу 5 и 6 со што може да се заклучи дека средината е благо кисела. Со следниот тест тоа може само да се потврди
Вредност која се движи околу 5 и 6, односно го потврдуваме претходното испитување.
Е сега има уште еден тест кој најмногу сакам да го споделам со вас, а е многу прост и може многу лесно да се дојде до заклучок дека дизелот и водата не може да се мешаат! Односно тие не реагираат меѓу себе. Ова е информација која многу често ја слушам од неупатени луѓе кои ги обвинуваат пумпашите дека горивото го мешаат со вода и дека ќаруваат пари, а со самото тоа и им ги упропастуваат возилата. Ова е апсолутно погрешно... Присуството на влага во самото гориво е сосема различен фактор...Присуството на сапуни или пак киселини е повторно друг муабет...Останати состојки да не ги набројувам се исто така друг а и трет муабет...
Но мешањето со вода е апсолутно неточно. На следниве слики можете и да се уверите во тоа. Еве во епруветкава има ставено биодизел добиен со трансестерификација на репкино масло. Истиот е непречистен и неисфилтриран и со самото тоа е ваков заматен.
Додаваме вода:
Силно мешаме и добиваме нешто налик ова:
Ја оставаме епруветката да се олабави некое време...Рецимо 10-тина минутки, макар да резултатот е видлив и после 2 до 3 минути максимум. Од сликата може да се забележат две фино одвоени фази...Во горниот дел биодизелот, а во долниот дел водата...Така да овој експеримент е BUSTED
Инаку доколку ве интересира, биодизелот би требало да изгледа вака:
Количината е многу мала но е совршена
Сипеш у ауто и пичиш...
Инаку горивата кои се продаваат кај нас е општо познато дека се со најлош односно со едвај прифатлив квалитет по некој норми....Нормално истите едвај и ги задоволуваат. Зошто е тоа баш така, можеби и самите си знаеме, но тоа е тоа...