Автор Тема: Тресење на мотор,излага плав чад,работи како на три клипа,Astra F 1.6 16V  (Прочитано 9343 пати)

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 638
Се работи за следниот проблем на Astra F 1.6 16v од 97год.Колата е на бензин и на плин.

Колата си работеше одлично,возеjќи од Маврово према Кичево и со самото искачување на Стража
моторот одеднаш изгуби сила,почна доста да тресе,кога застанав во лер моторот работеше како
на три клипа,и доста тресеше.
Некако се дотркалав до дома во Кичево,и прво што проверив е свеќици,една не работеше како
што треба,(барем ја така мислев)беше доста измастена,ја заменив со друга и пак исто.
Е сега е она што ме пецна во око,кога е извадив за да ја вратам назад пак истата свеќица,
од местото каде што се штрафи свеќицата излагаше чад,ја вратив свеќицата назад,ја запалив колата
и дадов малку гас,до кај 3-3500 обртаи и излегуваше многу плав чад од ауспух,проверив масло во мотор
и имаше потрошено неколку.
Чадењето не го приметив ко ми се случи ова додека се враќав од Стража,сигурно и тогаш чадела но поради
дождот и снегот,а имаше и магла ништо не видов.Ова се случуваше вчера.

Доста должев,давајте совет што може да биде пред да ја носам на дијагностика,дали се карики,гумици на
вентили,или незнам што.
Секој совет е добредојден,и би ми бил од помош.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
јас имав сличен проблем

проблемот беше што се беше лизнала клацкалката (клапната) на вентилот

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Во најмала рака дихтунг на глава според мене.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Истиов проблем го имавме на комбето пред 1 недела... Проблемот беше тој што кажа Томе, дихтун на глава...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Tipicen problem ako ima mesanje na ulje i voda...

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
И јас би рекол дихтунгот...

Отвори капачката маслото, ако има помешано вода и масло треба на капачката да имаш вакво нешто:


Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
moze od pregrevanje !

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 638
Маслото со вода не е помешано,нема никаков траг од тоа.

Присутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Не знам дали астрата е на ланче или каиш но како и да е јас мисалм дека ти има прескокнато  некој заб рабрастиот или ланецот.Имав такво искуство ланецот на едната брегастра беше се подмеситл за цели 2 заба и тешко палеше вадеше син чад немаше сила моторо и цудно бучеше гласно како да е дупнат ауспухот.Проблемот го решив со замена на сет ланец со затегачи.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Sekako deka stom ima plav cad nema sogoruvanje vo nekoj cilinder, mozno e da ne raboti kabel, bombina, svekica, eventualno da ima skrseni kariki
i da nema kompresija na toj cilider.

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 638
Од денешната посета на неколку мајстори,ми кажаа дека е изгорен вентил,но за точно да се знае треба да се отвори моторот и со сигурност да се утврди каква е состојбата.
Е сега дали да одам како што викаат мајсториве на отворање на моторот,или пред да се направи тоа да проверувам уште нешто друго.

Секој совет е добредојден.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Појди кај MArher ауто престиж, тој е за опел прва лига види што ќе каже тој.

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 638
Јас би пошол ама не сум од Скопје туку од Кичево,тоа е целата работа.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Најпрво наместија на палење види да не прескокнал ребрастиот ако не е тоа измерете компресија. Провери дали дува на шипка ако тој цилиндер има значително помала компресија од другите и ако е наместена на палење не ти бега вадење декла.