Се работи за следниот проблем на Astra F 1.6 16v од 97год.Колата е на бензин и на плин.
Колата си работеше одлично,возеjќи од Маврово према Кичево и со самото искачување на Стража
моторот одеднаш изгуби сила,почна доста да тресе,кога застанав во лер моторот работеше како
на три клипа,и доста тресеше.
Некако се дотркалав до дома во Кичево,и прво што проверив е свеќици,една не работеше како
што треба,(барем ја така мислев)беше доста измастена,ја заменив со друга и пак исто.
Е сега е она што ме пецна во око,кога е извадив за да ја вратам назад пак истата свеќица,
од местото каде што се штрафи свеќицата излагаше чад,ја вратив свеќицата назад,ја запалив колата
и дадов малку гас,до кај 3-3500 обртаи и излегуваше многу плав чад од ауспух,проверив масло во мотор
и имаше потрошено неколку.
Чадењето не го приметив ко ми се случи ова додека се враќав од Стража,сигурно и тогаш чадела но поради
дождот и снегот,а имаше и магла ништо не видов.Ова се случуваше вчера.
Доста должев,давајте совет што може да биде пред да ја носам на дијагностика,дали се карики,гумици на
вентили,или незнам што.
Секој совет е добредојден,и би ми бил од помош.