XL1 е многу интересно парче технологија. Јас би го ставил на исто технолошко рамниште со Bugatti Veyron.
Е сега, XL е исто толку релевантен за сериските возила како и Veyron - односно, скоро ич, барем сега за сега. Од друга страна, имаме возило со коефициент на отпор на воздух од само 0.189. Најаеродинамичното сериско возило е Mercedes CLA со 0.23. Toyota Prius има 0.25.
Комбинирајте го тоа со логичното поврзување на електромотор со дизел (наместо според мене глупавото и нелогично поврзување на електромотор со бензински агрегат) и автоматски имаме рецепт за екстремно ниска потрошувачка. Електромоторот се користи во град (каде дизелот троши „повеќе“) а на отворено се користи дизелот (кој што по дефиниција е поекономичен од бензинскиот мотор).
Значи, одлична аеродинамика + логичен хибриден систем + екстремно-лесни материјали (целата кола тежи 795 кила и нуди простор за двајца) = технолошки напреден автомобил. Е сеа, кошта 100.000 евра..
А тоа дали троши 0.9 литри или 1.8 - мање више, апсолутно небитно. Ја криеле цената на струјата.. Ок, ама во споредба со цената на горивото, цената на струјата е апсолутно занемарлива. Од друга страна, сигурно има одредени услови во кои колата ќе троши 0.9 литри на 100 километри. Дали се тие услови секојдневни, односно секојдневно достапни? Најверојатно не. Дали постојат? Секако.
---
Едит: Оноа што сакам да го кажам е дека Volkswagen не го рекламира XL1 како возило што троши толку и толку пари на 100 километри, него возило што троши 1 литар гориво (дизел, во случајов) на 100 километри. А тоа е сосема вистинито.