Автор Тема: Лажен маркетинг за автомобили-лаги на производители  (Прочитано 27045 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
значи има маркетинг за автомобили кои што кога го објаснуваат новото возило ке направат-наместат да  мислиш дека ова возило е неверојатно. за среќа ние балканците пошто сме изгорени на врело млеко, сме почнале да дуваме и на јогурт, па поради тоа не дозволуваме да бидеме излажани-преварени. во скеој случај, темава е за такви реклами за такви возила. еве дно такво што денес го видов:

фолксваген направил возило што троши помалку од 1 литар гориво... абе можда и точно е тоа, ама возилото е хибрид... значи не троши само гориво, троши и нешто друго а тоа друго (струја) сигурно не е беспари. а богами и акумулаторите кога ке се сјебат после 50-60к километри нема да ти ги дадат беспари. еве го возилото



а насловот на веста иде вака:


Германско чудо: Автомобил на иднината, направен за сегашноста!

ерманската компанија "Volkswagen" направила чудо од автомобил. Целосно новиот модел наречен "XL1" е најекономичниот сериски автомобил на светот, со потрошувачка на гориво од само 0.9 литри на поминати 100 километри!

а кога текстот ке прочитате ке свватите дека уствари нема врска целиот муабет... чудото баш и не е чудо и германциве-фолксваген сепак не измислиле топла вода или можда ја измислиле пак... ;D


Според зборовите на луѓето од компанијата "Volkswagen", благодарение на својот "plug-in" хибриден систем, овој модел со две седишта може да помине растојание и од 50 километри во електричен режим на возење, притоа со нулта емисија на издувни гасови. Новиот германски автомобил е модел кој го следи принципите за дизајн на спортски автомобил, па така, неговата тежина изнесува 795 килограми, поседува совршена аеродинамика и низок центар на гравитација од 115 центиметри висина.

Овие карактеристики на новиот модел му овозможуваат на да ги совладува патиштата со константна брзина од 100 километри на час, трошејќи само 8,4 коњски сили во електричен режим на возење.....

целиот текст овде:
http://tocka.com.mk/7/91193/germansko-cudo-avtomobil-na-idninata-napraven-za-segasnosta



според мене ова е лажен маркетинг или ПРЕВАРА МАРКЕТИНГ!!

да повторам, за автомобили дискутираме.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Лажен маркетинг колку сакаш. Сите на билборд лепат цена за најниско опремениот модел, а слика од модел што кошта 40% повеќе.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
и потрошувачка од 2,5литри/100км при идеални услови на отворен пат со брзина од 70km/h

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14156
  • Пудингот на шоферството
Слика је илустративног карактера. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
Кога C3 троши 3,7 тогаш XL1 троши 0,9 - незнам што не е јасно.


Постои режим на работа во кој тие возила трошат толку. Незнам што е лажно тука. Можеби тие не се секујдневни услови, но дека може да потрошат тлоку можат.


Не гледам ништо лажно.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Става потрошувачка на отворено, што не пише градска просек колку е...

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2655
  • Слобода или смрт
Кај мене троши 0 на 100. Бар во оние 2.5 км кога ја спуштам изгасена од лојзето до главниот пат :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
Секој тест секогаш се прави во двете насоки.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Става потрошувачка на отворено, што не пише градска просек колку е...

Se znae toa. Kolku e.
Ako e benzin jasno e. (0.8 - 7-7.5l, 1.0-8-8.5, 1.2 - 9-9.5, 1.4 - 10.5-11.5, 1.6 - 11-12.5, 1.8 - 12-14l) Da ne se lazeme. Realnosta e surova.
Ako e dizel maksimum +1l - 1.5l od taa na otvoreno.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34045
  • Таков е животот... јебига
Не гледам ништо лажно.

Вели дека троши 0,9л на 100 километри, што е делумно точно. Но тоа што е делумно точно е генерално неточно бидејќи не е во целост. Они го преќутуваат моментот дека возилото троши и струја покрај гориво.

„ Целосно новиот модел наречен "XL1" е најекономичниот сериски автомобил на светот, со потрошувачка на гориво од само 0.9 литри на поминати 100 километри!“

Вели само 0,9л дизел што е неточно туку 0,9л дизел + неспомнато количество електрична енергија. Понатаму вели :

„ниту еден друг модел досега ја нема постигнато и сето тоа покажува дека овој славен германски производител на автомобили повторно го дефинира она што е технички изводливо при производството на "чудата" на четири тркала. “

.... што значи дека ако било кој друг производител стави поголема батерија внатре многу лесно ќе може да извади и помала потрошувачка, што не е точно дека се дефинира технички изводливото ниту пак дека возилото е чудо на 4 тркала.

Значи маркетиншка игра на зборови за намамување (не велам лажење бидејќи вистината е делумна) проста маса.....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
Кој вели дека троши струја згора на горивото!? Тоа е ако сакаш уште помалку да троши, односно 0 на 100.

Без употреба на Plug in делот на возилото може да постигне 0,9/100.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Не гледам ништо лажно.

е па тогаш врати се погоре и прочитај ја сторијата, зашто очигледно не си ја прочитал... толку малку т.е. 0,9 неможе ни кинез со 35 кубика да потроши...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
Не гледам ништо лажно.

е па тогаш врати се погоре и прочитај ја сторијата, зашто очигледно не си ја прочитал... толку малку т.е. 0,9 неможе ни кинез со 35 кубика да потроши...
А ова вака слободна проценка или?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34045
  • Таков е животот... јебига
Кој вели дека троши струја згора на горивото!? Тоа е ако сакаш уште помалку да троши, односно 0 на 100.

Без употреба на Plug in делот на возилото може да постигне 0,9/100.

Епа вели дека на струја може да помине до 50км така? А останатите 50км? Никаде не пишува дека само на дизел ако се вози ќе потроши 0,9л.
Мене ме донесува ова до заклучок дека само на дизел ќе потроши 1,8л на 100км. Ако поминува 50км на струја и 50км на дизел, вкупно 100км со вкупно 0,9л дизел и X количество струја.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
До фин заклучок те донело, но не е тоа случајот. Колава се развиваа како еднолитарското ауто веќе десетина години уште пред да почне да се хибридизираат колите до степен на надворешно полнење.

Само цената е висока, и тоа ги кочи ваквите работи.