Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Чичко Драги од с.Спанчево, ако има време и место.
Ретко го возам, така за викенд понекогаш но сеуште знае да извади насмевка. Местово го видов од некој тест на зеро и го најдов на гугл мапс. Татко ми работеше во македонски железници па колава има поминато децении паркирана покрај пруга и затоа сакав да и направам слика тука.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да не ги продаваш бандашите? 🫣
Убаво што го повозуваш, мило ми е дека ти праи мерак.Него локацијава, каде е ова? Железничката во населба Илинден?
Супер се држи Кадетчево. Бојата здрава изгледа, што е останато за реставрација?