Епа...десно ваљда е Реган, а лево ќе да е Ayatollah Khomeini...оној кој го симнал Mohammad Reza Shah Pahlavi од власт и повторно го вратил шеријатскоро право/закон на сила, а со тоа и начинот на облекување на жените.
Aха... јас па очекував некоја back to the future конотација.

Инаку не, не е како што си напишал. Срањето и стварањето на исламска теократија од претходно демократскиот Иран, се случила заради западно плеткање (амери и енглези, а кои други?).
Накратко, вака било: Си бил во Иран еднаш одамна еден демократски избран премиер кој се викал Мосадек. Мосадек бил популарен лик во Иран, и бил ирански родољуб. Како таков, решил да ги национализира нафтените извори на Ирак и да богатството од нафтата да оди за бенефит на државата и народот, наместо за странските газди (енглезите, Бритиш Петрол). Но на енглезите не им се допаднала идејата да останат без ќарот, па ги викнале на помош америте. И така циа припремила државен удар во Иран (нешто слично на денешниве обоени револуции), а интересно е што главна фаца во организирањето бил Кермит Рузвелт (да, внук на поранешниот амерички претседател). Шахот Пахлави кој го спомнуваш бил само марионета на америте, поставен за да го замени демократски избраниот премиер Мосадек. Шахот бил диктаторско копиле, и неговиот режим успеал толку да ги измалтретира Иранците, да овие за нов лидер прифатиле и религиозен фанатик каков бил Ајатолахот само да се смени диктаторскиот режим на Шахот (звучи познато а?). Така се десила исламската револуција, и Иран станал теократија (владеење од религиски поглавар).
Всушност не е многу различно од нашата прича, само минус родољуб и минус нафта.

Имаше еден добар документарец за иранскава несреќна судбина, го гледав пред некоја година и ако сакаш да го погледаш ќе се потрудам (повеќе) да го најдам. Вака набрзина го најдов само ова пократко видео (а не е лошо ни тоа):