Изгледани:

("
Snitch")
и

("
Jupiter Ascending")
Снич е класичен „Д Рок“ филм, кај шо он ќе се наапа, ќе напраи невероватен преокрет, и ќе среди све на крај. Овој пат е камионџија, и уствари еднаш јаде ќутек, а ниеднаш не дава ќутек. Тапа филм, заобиколете го.
Џупитер Асцендинг е одлично аудио-визуелно дело (со акцент на визуелното), што не е чудно, кога ќе се земе предвид дека Вачовски (браќа ли се, сестри ли се, кој ги знае) стојат позади него. Арно ама, тука завршуваат позитивностите. Филмот е плиток, со обид за раскажување на добра приказна, но на крај се сведува на девојче се заљубува у тип, типот од првин ја сака, ама не ја сака, али после тоа ја сака. И така. Тиња. Штета. Би го препорачал за гледање чисто од визуелен аспект, стварно импресивно изглеа, а иначе јок, даље.