Дел од шмекот на првите два Алиени беа недоречените и необјаснетите работи. Од каде се ксеноморфите и други такви моменти. Следните пар филмови едноставно беа бледи обиди да се молзе истата крава, додека во Прометеј се обидоа да ја објаснат подетално позадината на случувањата. Но ја целосно ја устраа работата со квалитетот на сценариото, прво со милион дупки во логиката на случувањата (што е потценување на гледачот) а потоа и со разни непотребни а преамбициозни моменти како објаснување на потеклото на човечкиот вид објаснето со ретардирано реализирана псеудонаука.
Е, а тоа што го нарекуваш „умилкување на миленијалците“ всушност е одење во она што се повеќе станува тежок меинстрим во филмската индустрија: тупави филмови за тупава публика (која е мнозинството од гледачите), заглупување на сценариото за да не ги замори тапите мозочиња на рајата научена на лесни лимунади од филмчиња и серии. Тоа се деси и со Алиен серијалот.
На крај дури и така отапен, Прометеј пак е еден од подобрите SF филмови во своето време. Мислам дека популарноста на жанрот е помала од било кога до сега, и филмската индустрија се фокусира на тоа што носи пари: акции и комедии кои како да се натпреваруваат кој ќе има поретардирано сценарио.