Се согласувам со Денде, Walking Dead е одлична серија (базирана на уште подобри стрипови).
Мада, серијата не е за секого. Работите се дешаваат и се развиваат релативно споро. Ликовите се многу добро развиени и размислени, и општо целата атмосфера е погодена. Дури и влијанието на времето врз работите е земено во предвид.
Повторувам, не е за секого, и дефинитивно има сезони што се помалку-добри од другите, ама overall, Walking Dead е многу добра и многу интересна серија. Една од оние серии што ќе те натераат да размислиш како би изреагирал во слична ситуација.