Или вакво нешто:
http://www.gearbest.com/tv-box-mini-pc/pp_212002.html?vip=121010
http://www.gearbest.com/tv-box-mini-pc/pp_324842.html?vip=121454
Јас првиот го купив, иде со преинсталиран Коди, со доста addon-и.
Exodus addon-от не сум го пробал, баш ќе го инсталирам. Знаеш некој проверено добар add-on за спорт?
Van, има некоја посебна разлика меѓу двата модела?Како си задоволен од твојот?Не би требало да сецка во ниеден момент,така?
Вториот е со различен CPU, немам многу читано за него. Искуство имам само со првиот (beelink X2) и изгледа има некои недоиспеглани моменти со драјверите (allwiner CPU, Mali GPU). Пушта фул хд без сецкање, ама кога менуваш позиција на видеото напред назад знае да влезе во некое сецкање. Кога ќе ја затворам апликацијата, и ќе ја пуштам пак, или ќе рестартирам плеер - пак си работи без проблеми.
Можеби има врска и со УСБ стикот, уште не сум пробал со други стикови и со хард диск, ниту преку мрежа (немам подесено мрежен драјв, а одамна се канам). Бајаги сум зафатен, но како ќе најдам време ќе пробам повеќе работи.
Вака прелиминарно, ова се моиве размислувања.
Ваквите плеери сеуште не се достојна замена за добар мултимедија РС. Мислам се работат што и РС, подршка за сите аудио и видео кодеци (H265 kako најважно), има добри плеери, симнување титлови директно од нет, има подесување за титлови (фонт, величина, позиција, оквири, сенки, итн), блутут маусот работи - ама некако јас би радије РС. Од една страна тоа е можаби затоа што сум навикнат на РС, наместо стриминг на филмови јас преферирам да симнувам торенти (кои сам ги бирам според битрејт и употребувани кодеци), итн.
Мене на плеерот ми фали безжична тастатура, потребна е барем во првата фаза на инсталации на програми и подесување, но згодна би била и подоцна за користење во пребарување и слично (мразам онскрин тастатури и кликање на букви).
Од друга страна, ваквите плеери несомнено си имаат намена. Андроид ОС ги прави лесни за користење, и скоро сите веќе знаат да се снајдат во него. Безжична тастатура и маус се корисни, иако има и програмчиња за работа со даљински управувач (Core, Yatse).
Главен „selling point“ им е мултимедија платформата
Коди, кој има разни addon-и за гледање стриминг од се и сешто. На пример бараш серија или филм, и добиваш десетици линкови. Не работат сите линкови, некои се зафатени со макс корисници, посебно тие во фул ХД. Но секако се наоѓа линк, макар во пониска резолуција.
Не сум истражил доволно за спорт. Ако некој знае добар аддон за спорт, нека сподели.
Ваквите плеери посебно се корисни за луѓе што не сакаат да се замараат со директно пуштање филмови и серии од нет, преку стриминг. За таква намена немав никаков проблем, баш истестирав со тоа што ја загледав некоја тралала серија
Supernatural:
http://www.rottentomatoes.com/tv/supernatural/
Пола прва сезона ја одгледав на плееров. Ете да не сме скроз офтопик.

Лесна за гледање, без потреба од размислување. Нешто е во стил на Дилан Дог стрипот, само што овие браќава работат про-боно а не за пари - и за разлика од Дилан Дог, ниедна од пичките не им дава на браќава.