Јас го активирав Нетфликсот минатата недела, така да еве да споделам по ца. 5 дена користење.
1. Активирав на втората понуда со 10 еур претплата и HD сигнал. Иако во сетинзи имам подесено максимум бендвит, отприлика 3 гига за саат, а не ауто, многу често се губи квалитетот на сликата. Ќе почне стакло Панчево во HD (веројтно некои и во фул HD ги има како што приметив) и по некое време ќе се намали резолуцијата, ама ќе се намали на Нокиа 3310 резолуција и е без малку негледливо. Ќе потрае така 2-4 минути, па ќе се врати. Инаку користам оптика од Телеком 50/50 мегабита.
2. Преводи има Англиски, Шпански, па на некои филмови/серии има и Француски, Германски. Регионални преводи нема.
Инаку има избор за гледање и тоа претерано, од филмови преку серии. Се забележува што си гледал, што ти останало или ако пуштиш да гледаш нешто па не го догледаш, памти до каде си бил и слично.
Одличен пакет е за децава. Има посебен профил, Kids, и таму воопшто не се појавува било каква содржина што не е за деца. Цртани, серии све и свашта има, некои што сме ги заборавиле, па ќе ги прегледаме заедно со нив. Само пушти им и кажи, деца бирајте и толку, без анкети, па овој сме го гледале, овој не, па симни, па немало сидери итн.