Ете така. Јас како Џејмсбондофил поќе ги сакам оние постарите, со еден куп интересни гаџети (особено за времето во кое се снимени филмојте) и добра доза на хумор.
Најбонд ми е Пирс Броснан, а најомилен Бонд ми е Роџер Мур, ама затоа што првите два филма кои ги изгледав со Бонд беа баш со него, со Роџер Мур. Шон Конери исто така одлично си ја брка работата како Бонд. Тимоти Далтон е ок и само тоа. Џон Лезенби ни јас не го признавам како Бонд. Реков, Пирс Броснан ми е најбонд, таман онака како шо треба да е, според мене.
Во сите делови на Бонд, независно со кој актер има купишта каскадерлаци, гаџети, драпајнци, чоеци со железни запчиња шо јадат ајкули, јаки женски (стварно јаки, женствени), на поголемиот дел од Џејмсбондојте насловната тема е склопена од ок музичари... за разлика од последната. Е последната тотално не ја можам. Песна за филм во кој главниот лик треба да е бедес мада фака, женкариште со дозвола за убивање... а песната со едно одвратно педерско завивање... абе чудесија, шо да расправам.
Значи кога веќе спомнав, Даниел Крег како Бонд. Некако најслаб ми е. Како актер е супер, ама како бонд не ме радва баш. И плус го направија почувствителен и тоа малку ја убива онаа слика за ладниот Џејмс Бонд...